Презентација на наодите од истражувањето, применетите алатки и предизвиците

21/05/202534

Работиме на поголемо користење на податоците од Регистарот на вистински сопственици во борбата против корупцијата. Денеска, пред колегите од другите антикорупциски невладини организации, ги претставивме наодите од нашето истражување за откривање евентуален судир на интереси и злоупотреби кај 360 избрани и именувани функционери. Споделивме искуства и сознанија за можностите, користењето и пречките за користење на податоците од Регистарот на вистински сопственици во земјава во борбата против корупцијата. Активноста е дел од проектот поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.