ПочетнаКатегорија

Тековни проекти

Општата цел на проектот е борба против корупцијата во јавните набавки преку овозможување граѓаните ефикасно да ги проверуваат јавните тендери и да бидат поинформирани за злоупотребите, со што ќе се поттикне институционалната одговорност и ќе се намали неказнивоста што ја продолжува корупцијата. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Кралството на Холандија.

Главната цел на проектот е да се забрзаат регионалниот развој и интеграцијата во ЕУ преку зајакнување на управувањето со ЈПП и концесиите во земјите од Западниот Балкан преку транспарентност, правно усогласување и интеграција со системите за јавни набавки. Специфични цели на проектот се: (1) да се ​​проценат и споредат постојните рамки за ЈПП/концесии со стандардите на ЕУ и да се дадат практични препораки за правни и институционални реформи, (2) да се ​​зајакне транспарентноста преку поврзување...

Проектот го поддржува спроведувањето на постојниот Националниот акциски план за Партнерството за отворена власт 2024-2026 и го зајакнува процесот на ко-креирање на  претстојниот Национален акциски план за ПОВ 2027-2029 година. Поконкретно, се обезбедува (1) експертска и процесна поддршка за подготовка на подзаконски акти поврзани со финансиското известување на политичките партии, предвидени во заложбата 4.1. „Дигитализација на процесите за финансиска транспарентност и отчетност“ од тековниот Национален акциски план на ПОВ 2024–2026 година и (2) поддршка на процесот...

Во рамките на проектот се следат и анализираат зголемените трошоци за јавни набавки во општините за време на изборната година за да се укаже на евентуалното прекумерно или политички мотивирано трошење, да се подигне јавната свест за таквите практики и да се придонесе кон намалување на неправилностите. Општа цел на проектот е: да придонесе за зголемена транспарентност и отчетност во локалната власт преку следење на трошоците за јавни набавки во општините во изборната година, намалувајќи ги...

Целта на проектот е промовирање на транспарентноста и отчетноста на јавната потрошувачка во здравествениот сектор во земјата, преку истражување и анализа на порастот на вредноста на договорите за јавни набавки во здравствениот сектор во последната деценија и потенцијалните коруптивни влијанија. Проектот предвидува развој на конкретни препораки за подобрување на транспарентноста и намалување на корупцијата, нивно претставување пред релевантни институции и широка јавна кампања за подигање на свеста. Проектот е финансиран од Националниот фонд за демократија.  

Проектот има за цел да ги унапреди транспарентноста, отчетноста и ефикасноста во трошењето на јавните пари преку поттикнување и промовирање на користењето на информациите за вистинските сопственици во борбата против корупцијата. Се очекува проектот да придонесе кон фактичко користење на податоците од Регистарот на вистински сопственици како инструмент во борбата против корупцијата.

Проектот го анализира трошењето на јавните пари следејќи го спроведувањето на јавните набавки во Македонија од аспект на транспарентноста, конкурентноста, еднаквиот третман на фирмите, недискриминацијата, економичното, ефикасното, ефективното и рационалното користење на буџетските средства, настојувањето да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетноста за потрошените средства при јавните набавки.