ПочетнаКатегорија

Мониторинг на јавните набавки

Препораки за намалување на корупцијата во јавните набавки во здравствениот сектор

Јавното здравство во земјава се соочува постојан и растечки јаз меѓу потрошените средства и испорачаните резултати. Во текот на изминатите десет години, трошоците во здравството преку јавните набавки значително пораснаа, но обемот на услугите, ефикасноста и отчетноста стагнираат или се намалуваат. Трите анализи што Центарот за граѓански комуникации ги изработи во текот на 2025 и 2026 година даваат детален и сеопфатен преглед за овие предизвици и откриваат низа слабости, ризици од корупција и евентуални злоупотреби...

Јавен надзор над јавните набавки: неправилности и отстапувања во три големи јавни набавки (Издание бр.1)

Во истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (Издание бр.1) анализирани се конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна. Опфатени се следните три тендери: 1. Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје: За 1,5 милиони евра, храната се дели на улица и не секогаш според договореното; 2. Тендер без крај: Реконструкцијата на поранешниот објект на Комерцијална банка со 51 анекс-договор и со...

Клучни „играчи“  и конкуренција во јавните набавки во здравството

Истражувањето покажа дека во последната декада вредноста на јавните набавки во здравството е повеќе од двојно зголемена, додека бројот на фирми што добиле тендер пораснал за само 12 %, што укажува на концентрација на средствата кај ограничен број добавувачи. Со растот на вредноста на тендерите, уделот на десетте најголеми носители на договорите за јавни набавки се намалил од 62% во 2015 на 49% во 2024 година, што укажува на умерено намалување на концентрацијата. Две компании...

40 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јули-декември 2023)

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години. Во 2023 година, склучени се договори за јавни набавки во вредност од 92 милијарди денари, односно околу 1,5 милијарда евра, што е 35 % повеќе од претходната година.

41% Од лицата за јавни набавки во институциите сметаат дека во јавните набавки често има корупција

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 30 септември 2024 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави: Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки, кој вклучува и анкети со фирмите и со претставниците на државните институции; Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема исти производи или услуги и Базата на податоци за јавните набавки на општините за 2023 годинa      Клучните наоди од овие истражувања вклучуваат: – Јавните набавки во...

Рангирање на институциите според антикорупциските перформанси во јавните набавки

Вредноста на јавните набавки во Република Северна Македонија учествува во Буџетот на државата со 24%, а во бруто домашниот производ со 8 %. Јавните набавки, чија вредност на годишно ниво надминува 1 милијарда евра, се особено подложни на корупција.

39 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јануари-јуни 2023)

Во дел од постапките за јавни набавки се донесуваат одлуки без соодветни и прецизни образложенија, со што се создава правна несигурност кај учесниците во постапките и расте сомнежот во објективноста и законитоста на постапувањата.

Годишен извештај за компаративна проценка на состојбата во јавните набавки во земјите од Западен Балкан

Ова е седми последователен извештај за евалуација на состојбите во јавните набавки и корупциски ризици откриени во секоја фаза од јавните набавки за целиот Западен Балкан земји развиени од Balkan Tender Watch Coalition и врз основа на нејзината единствена методологија - алатката за бенчмаркинг.

38 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јануари-декември 2022)

Роковите за отпочнување на тендерските постапки наведени во плановите за јавни набавки речиси воопшто не се почитуваат. Дури 90 % од мониторираните постапки се спроведени со задоцнување, и тоа од 1 до 8 месеци.

Извештај од истражувањето на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина за детектирање на ризиците од корупција

Во земјава речиси не постојат т.н. зелени или одржливи набавки, иако поминаа повеќе од три години од примената на новиот Закон за јавните набавки (усогласен со последните директиви на ЕУ), којшто сугерира да се води сметка за влијанието на набавките врз животната средина.

Истражување за (не)примената на „зелените“ јавни набавки во земјава

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави Извештајот од истражувањето на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина за детектирање на ризиците од корупција и Документот со препораки за поттикнување на спроведувањето „зелени“ јавни набавки и спречување на корупцијата во процесот.

Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки во 8 општини од земјава

Мрежа од девет невладини организации предводена од Центарот за граѓански комуникации направи проценка на ризиците од корупција во јавните набавки во осум општини од земјава: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип.

Втор полугодишен извештај од мониторингот на јавните набавки за заштита од КОВИД-19 во 2021 година

Од почетокот на пандемијата во март 2020 година до крајот на 2021 година, во земјата се спровел 581 тендер за КОВИД-19, во вкупна вредност од 33 милиони евра. Најмногу пари за КОВИД-19 потрошиле министерствата за здравство и за внатрешни работи, а од короната најмногу се офајдиле фирмите „Д-р Пановски“, „Технички гасови“ и „Биотек“.

База на сите јавни набавки за КОВИД-19 во земјата (2020 – 2021)

Од почетокот на пандемијата во март 2020 година до крајот на 2021 година, во земјата се спровел 581 тендер за КОВИД-19, во вкупна вредност од 33 милиони евра.

Прв полугодишен извештај од мониторингот на јавните набавки за заштита од КОВИД-19 во 2021 година

Генерален заклучок од мониторингот е дека и во 2021 година јавните набавки поврзани со КОВИД-19 изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција, иако зад институциите е цела една кризна година на искуство, каква што беше 2020.

Зимско одржување на улици и патишта 2021-22 година

Тендери за зимско одржување на улици и патишта имале 36 општини и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија, државното јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје, АД Електрани и Министерството за внатрешни работи.

Извештај во сенка за јавните набавки во Северна Македонија 2021 година

Редовен годишен извештај во сенка за состојбите во јавните набавки во Северна Македонија кој дава осврт на позначајните аспекти и пробеми при спроведувањето на набавките, како и препораки за унапредување.

Јавните набавки за време на корона во Северна Македонија: Како беше и што може да се прави во иднина?

Oд почетокот на март до крајот на октомври 2020 година, склучени се вкупно 523 договори преку постапката со преговарање без објавување оглас, во вредност од 500 милиони денари или 8,1 милиони евра.

Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините

Целта на оваа анализа е да ги мапира ризиците од корупција во јавните набавки низ сите фази во кои тие се спроведуваат, односно низ планирањето на набавките, спроведувањето на постапките за јавни набавки и реализацијата на склучените договори.

Ад-хок мониторинг на јавните набавки поврзани со коронавирусот

Истовремено со избивањето и раширувањето на кризата со коронавирусот се наметна и потребата од итни набавки на стоки, услуги и работи за заштита и спречување на ширењето на заразата од овој вирус. Поради ова, ваквите јавните набавки, наместо по редовните, се спроведуваат по скратени и забрзани процедури, имајќи ја предвид итноста во обезбедувањето на потребните средства за заштита и лекување. Брзањето и фокусот врз другите работи, како здравјето и животите на луѓето, ги зголемуваат и...

Бриф бр. 3 за итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот COVID-19 (20.05.2020)

Ова е трет извештај на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда.

Бриф бр. 2 за итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот COVID-19 (22.04.2020)

Ова е втор бриф на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда.

Бриф бр.1 за итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот COVID-19 (06.04.2020)

За да се стесни просторот за можна злоупотреба на и онака скромните јавни ресурси, потребно е да се вложат максимални напори за зголемување на транспарентноста, отчетноста и рационалноста на овие набавки.

Јавни набавки во време на корона

Имајќи ја предвид новонастаната состојба со новиот коронавирус Covid-19 и прогласената вонредна состојба во земјава, се укажува потреба од серија непланирани јавни набавки на стоки, услуги и работи поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата од новиот коронавирус Covid-19.

32 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јануари-јуни 2019)

Старите навики се посилни од новиот Закон за јавните набавки. ’Најниската ценаʻ и електронската аукција остануваат неприкосновени и во првите три месеци од примената на Законот.

Транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки – 2019 година

Транспарентноста ја унапредува конкуренцијата, ја зголемува ефикасноста на потрошените средства и ги намалува заканите од корупција.

Транспарентност, отчетност и интегритет на институциите во јавните набавки – 2018 година

Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведувањето на јавните набавки - 2018.

Бриф за главните карактеристики на јавните набавки во Македонија 2017/2018

Сумирани информации за главните карактеристики на јавните набавки во земјава за 2017/2018, борбата против корупцијата во јавните набавки, како и споредбени показатели и трендови за земјите од регионот.

Извештај во сенка за состојбите, проблемите и идните предизвици во спроведувањето на тендерите

Состојбата со јавните набавки во Македонија во 2018 година се наоѓа меѓу сè уште важечкиот „стар“ и многу критикуван Закон за јавните набавки и изработениот „нов“ закон, којшто би требало да ги „поправи“ работите, но сe уште чека на усвојување.

Извештај од мониторингот на јавните набавки на локално ниво бр.11

Ниската конкуренција на локалните тендери, чијшто повеќегодишен просек изнесува 2,6 понуди по тендер, и натаму продолжува да се движи под три понудувачи, што се смета за минимум конкуренција.

30 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јули-декември 2017)

’Најниската цена‘ како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и потребната обемна документација за учество на тендерите се главните проблеми во јавните набавки што ги посочуваат фирмите.

Истражување на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки во 2016 год.

Истражувањето кај фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки беше спроведено во периодот ноември-декември 2016 година. Во истражувањето учествуваа 230 фирми од сите поголеми градови во земјата.

26 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јули-декември 2015)

Двата најчести проблеми со кои се соочуваат фирмите се најниската цена како единствен критериум за доделување на договорите за јавни набавки и задоцнетото плаќање за извршените договори.

Прв полугодишен извештај од мониторингот на јавните набавки (jули-декември 2014)

Советот за јавни набавки во првите месеци од работата го зголеми административното оптоварување во спроведувањето на тендерите, но не и конкуренцијата.

23 Извештај од мониторингот на јавните набавки и Анкета со фирмите за нивното искуство во јавните набавки во 2014 година

Доминантен дел од анкетираните фирми сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот во однос на цената на набавките.

Четврти квартален извештај за јавните набавки 2013 година

И по шест години од примената на Законот за јавни набавки (ЗЈН), дел од институциите и натаму постапуваат спротивно на ЗЈН, а фирмите не ги знаат своите права во однос на правната заштита.

Втор квартален извештај за јавните набавки во 2013 година

Проблемот со малата конкуренција на тендерите добива интензитет. Како последица на ваквата состојба, се оневозможува одржување е-аукција и се зголемува бројот на тендери во кои договорот се склучува со единствената фирма понудувач.

Прв квартален извештај за јавните набавки во 2013 година

Секој четврти договор за јавна набавка во мониторираниот примерок е склучен преку тендер во кои учествувала само една фирма. Отсуството на натпревар на фирмите значи и отсуство на гаранција дека потрошените пари се дадени за квалитетни производи или услуги по поволни, односно конкурентни цени.

Проблемот со поништувањата добива исклучително силен интензитет во поголемите тендери, односно во т.н. отворени постапки за набавка на стоки и услуги во вредност поголема од 20.000 евра и за изведување работи над 50.000 евра.

Анализата во овој извештај е направена врз основа на мониторинг на избран примерок од 40 постапки на договорни органи на централно ниво, чиешто јавно отворање на понудите се одвиваше во периодот од април до јуни 2012 година.

Договорните органи свесно или несвесно придонесуваат кон отежнато учество на фирмите во постапките за јавни набавки и со тоа кон намалување на конкуренцијата што е еден од принципите на јавните набавки.

Предмет на истражување, а со тоа и на оваа анализа за односот на општините кон јавните набавки беа актуелните практики во 21 општина во Македонија, или во дури ¼ од сите општини во земјава.

Во половина од мониторираните тендери планираната електронска аукција не се одржала поради тоа што била доставена само една понуда или само една понуда била оценета како прифатлива.

Проблемот со поништувањата на постапките за јавни набавки се заострува. Евидентиран е рекордно висок број на поништени тендери во второто тромесечје од годинава, најголем во изминатите 3 години од почетокот на мониторингот на јавните набавки.

Анализата на процесот на јавни набавки во РМ се прави врз основа на мониторинг на случајно избрани постапки за јавни набавки. Мониторингот започнува од објавите на повиците, преку присуство на јавните отворања, до собирање податоци за текот на постапката преку длабински интервјуа и структурирани прашалници кои им се доставуваат на економските оператори, како и од податоците собрани од договорните органи преку барања за пристап до информации од јавен карактер.

Критериумите за квалификација на фирмите за учество на тендерите ја ограничуваат конкуренцијата и фаворизираат одредени понудувачи. Во речиси половина од мониторираните постапки понуди доставиле по максимум две фирми со што продолжува трендот на мала конкуренција во значаен дел од тендерите.

Економските оператори не можат да го остварат правото на увид во документацијата од постапките за јавни набавки во кои учествувале. Со оневозможувањето на увид во документацијата за спроведените постапки за јавни набавки, само се зголемува впечатокот на компаниите дека постапката не обезбедила фер натпревар и дека нивниот сомнеж за нерегуларности е оправдан.

Опаѓа интересот на компаниите за учество во јавните набавки, vо дури 40% од мониторираните постапки понуди доставиле само една или две компании, секој четврти тендер е поништен, се користат спорни елементи при изборот на најповолна понуда.

Се продлабочува проблемот со користење на критериуми за бодување на понудите со кои не се гарантира избор на најповолна понуда, односно рационално и ефикасно трошење на јавните пари.

Центарот за граѓански комуникации на 29 декември 2009 година го презентираше четвртиот квартален Извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки, кој покрај редовната анализа на постапките за јавни набавки, содржи и анализа на правната заштита во постапките за јавни набавки.

Анализата на јавните набавки на централно ниво во РМ, во текот на третиот квартал на мониторинг констатираше: зголемување на трендот на поништување на постапките, користење „манипулативни“ елементи за избор, многу ниско ниво на учество на електронските набавки...

Констатирани се висок процент на поништување на јавните набавки, субјективно одредување на критериумите за избор на најповолна понуда, одолговлекување на донесувањето одлуки, мал број постапки преку е-аукција и др.

Првата квартална анализа на спроведувањето на јавните набавки во РМ беше објавена на 26 февруари 2009 година.Целта на анализата е да оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот Закон за јавни набавки и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства кај набавките.Извештајот може да се погледне и преземе тука (.pdf)