ПочетнаКатегорија

Други публикации

Анализа на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во Северна Македонија

Надлежните институции во земјава малку ги користат податоците за вистинските сопственици во насока на спречување, откривање и санкционирање на перењето пари и во борбата против тероризмот, а се чини, воопшто не ги користат за други цели и за спречување корупција, криминал и злоупотреби во другите области.

Истражување на продажбата на државно градежно земјиште

Ниту една од мониторираните општини не презема други активности за информирање на граѓаните, односно донесените одлуки за продажба на земјиште и склучените договори со купувачите не ги објавуваат ниту на своите веб-страници.

Истражување за бројот на ученици во основното и во средното образование

Само за десет години бројот на ученици во основните и во средните училишта во земјава е намален за 27 илјади, односно за 10%. Бројот на средношколци е намален за 20 %, односно за повеќе од 17 илјади ученици.

Истражување на водата за пиење

Најголема загуба, од повеќе од еден милион евра има кочанското претпријатие, што е точно една четвртина од вкупните загуби на овие претпријатија. Со поголеми загуби се и водоводните претпријатија на Велес, Битола, Скопје и Струга.

Истражување: Процес на доделување Б-интегрирани еколошки дозволи

Целта на истражувањето е да се мапираат актуелните практики во однос на издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи, пред сè поради нотираните зголемени проблеми со заштитата на животната средина во државава.

Истражување на набавките на училиштата со парите на родителите на учениците

Доцнењето на Министерството за образование и наука (МОН) да изготви подзаконски акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитно-образовните институции, кои не подлежат на Законот за јавни набавки, им овозможува на училиштата да бидат нетранспарентни и неотчетни за начинот на трошење на парите од родителите.

Истражување за можностите за здравствена заштита на жителите во 30-те здравствени центри во земјава

Има огромни разлики во можностите за здравствена заштита на жителите на 30-те градови во земјава. Подобро стојат големите, а полошо помалите градови. Но, меѓу малите градови најдобро стојат Виница и Делчево, а меѓу големите, најлошо стојат Кичево и Кочани.

Истражувања и бази на податоци на амбулантни и противпожарни возила и на пожарникари

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години.

Извештаи во сенка за работата на секторските работни групи за 2021 година

Секторските работни групи претставуваат формален механизам за консултација и соработка меѓу институциите на извршната власт (министерствата), граѓанските организации, донаторската заедница, како и другите заинтересирани страни.

Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост – 2022 година

Триесетте најголеми претпријатија основани од Владата и од единиците на локалната самоуправа објавуваат само 48 % од информациите и документите коишто се обврзани да ги објавуваат на своите веб-страници.

Анализа на остварувањето на пристапот до информации според новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Уште од првиот ден на спроведувањето на новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, Центарот за граѓански комуникации започна мониторинг на спроведувањето на законот врз основа на барањата за пристап што ги испраќа до институциите за добивање информации за разните истражувања што ги спроведува. Во периодот од 1 декември 2019 година до 31 мај 2020 година, односно во првите шест месеци од спроведувањето на новиот закон, Центарот за граѓански комуникации испрати вкупно 460 барања...

Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост 2020 година

Транспарентноста и отчетноста на претпријатијата во сопственост на централната и на локалната власт се во пораст. 30-те најголеми претпријатија во 2020 година објавиле 41 % од информациите, извештаите и документите што треба да ги објават на своите веб-страници.

Право или политика: Изборот на членови на управните и надзорните одбори во државните претпријатија

Владата и единиците на локалната самоуправа немаат официјален документ што го регулира процесот на селекција на членовите на раководните органи на претпријатијата што ги основаат.

Анализа на резултатите од мониторинг на известувањето на медиумите за 2017 година

Мониторингот ги опфаќа истражувачките и аналитичките написи објавени во медиумите и има за цел да обезбеди доволно, квалитетни и релевантни информации кои ќе дадат оцена на застапеноста и квалитетот на истражувачките и аналитичките новинарски текстови.

Предизвици и перспективи, публикација за десетгодишниот јубилеј на Центарот за граѓанки комуникации

Паралелно со новите предизвици, во Центарот за граѓански комуникации ќе останеме посветени кон надградба на она што го работевме досега.

Мониторинг на известување на медиумите за теми од поширок општествен интерес

Основна цел на мониторингот беше да обезбеди доволно, квалитетни и релевантни информации за анализа на начинот на кој медиумите во Македонија известуваат за прашањата од поширок општествен интерес детектирани на заедничка дебата меѓу претставници на невладините организации и новинарите.

Транспарентно локално владеење – состојба, препораки и предизвици

Иако основата на проблемите кај сите е иста, сепак, речиси и да нема две општини со сосема идентична манифестација на проблемите, но и со сосема идентични начини на решавање на проблемите.

Истражување за примената на правото за слободен  пристап до информациите од јавен карактер од страна на  новинарите

Центарот за граѓански комуникации, залагајќи се за транспарентност, отчетност и одговорност на институциите, останува посветен на напорите за јакнење на улогата на медиумите во општеството, имајќи предвид дека тие се од витално значење за демократијата и за обезбедување услови за одговорно и отчетно работење на носителите на власта.

МАК дванаесетти број

Две моќни институции, Светската банка и Обединетите нации го искористија Меѓународниот антикорупциски ден, 9 декември, да испратат многу моќни пораки за засилување на глобалната борба против корупцијата.

МАК единаесетти број

Во овој број, нашата постојана соработничка и една од најистакнатите антикорупциски експерти во земјава, Вања Михајлова, прави споредба на оценките на Европската комисија по овие прашања за останатите земји од Западниот Балкан.

МАК десетти број

Корупцијата е навлезена и во спортот. И тоа во оној врвниот. Светската фудбалска федерација мораше да суспендира двајца членови од своето раководство откако се обелодени дека ги продале своите гласови за местото на одржување на следното светско првенство во фудбал.

МАК деветти број

На 28 септември, светот го одбележа денот на слободниот пристап до информации од јавен карактер или како што е наречен „Меѓународен ден на правото да се знае“.

МАК осми број

Стотина поранешни градоначалници, општински советници, бизнисмени и адвокати се соочуваат со вкупна казна затвор од 500 години и парична казна од една милијарда евра ако се докаже дека се виновни за обвинувањата за корупција при издавањето дозволи за градба и при продавањето државно земјиште во Марбелја, едно од најелитните и надалеку познатите одморалишта на југот од Шпанија.

МАК седми број

Корупцијата цвета во земјите од Западен Балкан. Неколку последни извештаи од релевантни институции наведуваат дека борбата против корупцијата во земјите од Балканот е само декларативна.

МАК шести број

Во овој број со гордост ви претставуваме ексклузивно интервју со професорката на Универзитетот Јеил и еден од водечките светски истражувачи на корупцијата, д-р Сјузан Роуз-Ејкерман.

МАК петти број

Во овој број пренесуваме два слични примери за казнување на корупцијата во две земји на различни краишта од светот и со различни уредувања и убедувања. САД и Кина казнија видни граѓани поради вмешаност во корупција.

МАК четврти број

Имајќи ги предвид неколкуте срамежливи најави дека се подготвуваат измени на Законот за спречување на корупцијата, во овој број нудиме мислења на релевантни чинители од оваа област за можните насоки кон кои треба да се движат измените на законот.

МАК трет број

Како тема на овој број, ви го претставуваме судирот на интереси, кој според својата природа не е корупција, но може да прерасне во неа доколку соодветно не се препознае, не се спречи и не се менаџира. Анализата нуди конкретни решенија и примери за справување со судирот на интереси.

МАК прв број

Во фокусот на овој број се и јавните набавки. Годишното истражување на процесот на јавни набавки кај нас покажува дека сè уште постои сериозен простор за злоупотреба и неефикасно трошење на јавните пари.

Зошто билтен?

Веќе пет години секојдневно работиме на намалување на просторот за корупција во Македонија и на промовирање на принципите на „доброто владеење“, на централно и на локално ниво.

Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија 2011

Центарот за граѓански комуникации, од своето формирање во 2005 година до денес, останува посветен на заложбите за јакнење на улогата на медиумите како моќно оружје во борбата против корупцијата.

Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија 2009

Медиумите се моќно оружје во борбата против корупцијата насекаде низ светот. Тие имаат доминантно влијание во креирањето на перцепцијата за корупцијата во општеството и за односот на носителите на власта кон корупцијата – дали ја толерираат или се борат против неа.

Истражување на актуелните практики во општините Штип, Струмица, Свети Николе и Виница

Резултатите од истражувањето ќе послужат како основа за изработка на препораки за преземање мерки за надминување на утврдените слабости и унапредување на работењето на локалните власти.

Бавноста на администрацијата на државно и на локално ниво, недоволно јасните и неусогласени критериуми за одобрување на дозволи и решенија, широкиот простор за арбитрарно одлучување.

Повеќе од 10-те илјади бесправно изградени објекти во Република Македонија кои во периодот од 2000 година наваму никнаа пред очите на градежната инспекција, се предмет на коруптивни активности во повеќе фази, од нивната изградба до конечната легализација.

Здравствениот сектор во Република Македонија е сериозно загрозен од разни облици на корупција кои се одвиваат во два сегмента: корупција во набавките на лекови, медицински материјали и опрема и корупција при давањето на здравствените услуги.