ПочетнаКатегорија

Индекс на активна транспарентност

Индекс на активна транспарентност 2024 година

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024 година изнесува 80% (од максимално можни 100%) и во однос на лани е подобрена за 4 про- центни поени (од 76% на 80%).

Индекс на активна транспарентност 2023 година

Редовно годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Индекс на активна транспарентност 2022 година

Под ’активна транспарентност‘ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.

Индекс на активна транспарентност 2021 година

За првпат во шест години, проактивното објавување јавни информации од институциите, односно нивната активна транспарентност, според градацијата на нивоата, се искачи од ’просечна‘ во ’добра‘.

Индекс на активна транспарентност 2020 година

Активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерства, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 % (од максимално можни 100%) и според градацијата на нивоата, спаѓа во 'просечна' активна транспарентност.

Индекс на активна транспарентност 2018 година

Општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2018 година се задржа на ниско ниво. Процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 43,5% (од можни 100%).

Индекс на активна транспарентност 2017 година

Општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2017 година е ниско. Процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 42,5% (од можни 100%).

Индекс на активна транспарентност 2016 година

Просечниот резултат на сите вклучени 97 институции изнесува 44,8% (од можни 100%), што според употребената градација на нивото на активна транспарентност, би значело ’просечна‘ активна транспарентност.