Четврти квартален извештај за јавните набавки во 2010 година

Критериумите за квалификација на фирмите за учество на тендерите ја ограничуваат конкуренцијата и фаворизираат одредени понудувачи.
28.04.20106769

Некои од клучните наоди се:

Критериумите за квалификација на фирмите за учество на тендерите ја ограничуваат конкуренцијата и фаворизираат одредени понудувачи.

Во речиси половина од мониторираните постапки, понуди доставиле максимум по две фирми, со што продолжува трендот на мала конкуренција во значаен дел од тендерите.

Користење несоодветни елементи за оценка на понудите. Бодирањето на понудите според роковите за испорака и за плаќање, како и според елементи кои треба да се користат за оценка на способноста на фирмите а не на нивните понуди, и натаму е критична точка во сферата на јавните набавки.

Тендерските спецификации во некои случаи се користат за фаворизирање на одредени понудувачи. Дел од договорните органи постапуваат спротивно на членот 36 од Законот за јавни набавки и со бараните карактеристики на производите однапред го диктираат епилогот на набавките.

Проблемот со поништувањата на тендерите само навидум стивнува. Иако во мониторираниот примерок се забележува намалување на бројот на поништени постапки, сепак нивниот број расте според податоците во електронскиот систем.

Вредноста на непосредните спогодби без објавување оглас и натаму расте. Тренд на пораст на трошењето на јавните пари преку директни договори е констатиран и во четвртиот квартал од 2010 година и во текот на целата година, во која се склучени вакви договори во вредност од 26,3 милиони евра, што е за 3,4 милиони евра повеќе од 2009 година.

Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.