Документ за јавни политики: Клучни предизвици во јавните набавки на државните претпријатија

За секое од овие претпријатија беше направен индивидуален скрининг за начинот на којшто ги спроведува јавните набавки.
08.10.20212103

Клучните предизвици во јавните набавки на државните претпријатија се утврдени врз основа на низа активности спроведени во изминатиот период во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“. Проектот, којшто се реализираше во периодот октомври 2019 – септември 2021 година, ги опфати следните активности и резултати:

Лоцирани се ризиците од корупција во сите фази од јавните набавки, за што длабински беа анализирани 167 тендери и беа вкрстени податоци од вкупно 3.342 договори за јавни набавки, спроведени од 37 претпријатија основани од Владата, од Градот Скопје и од општините Гостивар, Кавадарци и Струга.

За секое од овие претпријатија беше направен индивидуален скрининг за начинот на којшто ги спроведува јавните набавки.

Беа изработени „индикатори за мерење на ризиците од корупција“ и „предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки“ , кои беа предмет на дискусија со 130 претставници на претпријатијата и нивните основачи.

Дел од дадените предлози Владата ги вклучи во Планот за борба против корупцијата – Акција 21. Станува збор за воведување процедури за спроведување јавни набавки, донесување планови за интегритет или програми за антикорупција, преземање мерки за стимулирање на конкуренцијата, зголемување на отчетноста во однос на јавните набавки итн.

Истражувањето можете да го прочитате на македонски, албански и англиски јазик.

           

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Документот за јавни политики е изготвен во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.