Индекс на рационалност 5

Петтиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи, односно услуги: агенциска провизија за привремени вработувања; ISO 9001 Стандард за квалитет; антифриз; миење возила и негазирана вода.
22.07.20126866

Петтиот  индекс на рационалност е изработен  за следниве пет видови производи, односно услуги:

    • агенциска провизија за привремени вработувања;
    • ISO 9001 Стандард за квалитет;
    • антифриз;
    • миење возила и
    • негазирана вода.

Изборот на овие производи и услуги е направен бидејќи тоа се често користени производи и услуги од страна на институциите на национално и на локално ниво.

Сепак, со оглед на фактот што, од една страна, методологијата на изработка на индексот подразбира споредба на цени на најмалку пет институции, а од друга страна,  не секогаш се добиваат  бараните  информации од институциите или, пак, кога ќе се добијат, тие не се споредливи, за изработка на индексот за дел од избраните производи и услуги, освен во 2012 година, вклучени се и набавки реализирани во претходните години.

Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.