Прирачник за планови за интегритет

Плановите за интегритет на јавните набавки можат да бидат ефикасен механизам за превенирање на корупцијата.
10.10.20212066

Плановите за интегритет на јавните набавки можат да бидат ефикасен механизам за превенирање на корупцијата. За таа цел, прво ќе ги претставиме дефинициите за клучни поими, коишто ќе му помогнат на читателот на прирачникот да ги разбере и да може да ги примени презентираните информации и знаења при изработката и/или спроведувањето на плановите за интегритет на јавните набавки.

Секоја институција има легитимитет, т.е. правна рамка и општествена функција заради којашто е основана и од која произлегува надлежноста на институцијата. Со нарушување на овие два принципи, или на едниот од нив, интегритетот на институцијата се нарушува така што се урива нејзината внатрешна организација, структурата на управувањето и кадровската структура, комуникацијата, техничко-технолошката и материјално-финансиската компонента, како и односите со околината, каде што централното место им припаѓа на клиентите, на корисниците на услугите на институцијата, односно на државата или на општеството што ја основале институцијата.

Повеќе за прирачникот можете да прочитате на македонски и албански јазик.

   

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Прирачникот е изготвен во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“, со финансиска поддршка од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје.