Втор квартален извештај за јавните набавки во 2011 година

Проблемот со поништувањата на постапките за јавни набавки се заострува. Евидентиран е рекордно висок број на поништени тендери во второто тромесечје од годинава, најголем во изминатите 3 години од почетокот на мониторингот на јавните набавки.
01.02.20116978

Некои од клучните наоди се:

Проблемот со поништувањата на постапките за јавни набавки се заострува. Евидентиран е рекордно висок број на поништени тендери во второто тромесечје од годинава, најголем во изминатите 3 години од почетокот на мониторингот на јавните набавки. Поништени се дури 32,5% од мониторираните тендери, при што сите одлуки за поништување се донесени од страна на самите државни институции.Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

И натаму има случаи во кои критериумите за утврдување на способност на фирмите за учество на тендерите се злоупотребуваат за ограничување на конкуренцијата. Минималните услови што треба да ги исполнат фирмите не се пропорционални со вредноста и сложеноста на тендерите. Со поставувањето на високи критериуми што фирмите треба да ги исполнат за да се квалификуваат за учество на тендерите се прави отворена дискриминација на учесниците.

Намален е бројот на фирмите кои доставуваат понуди на огласите за јавни набавки, со што се намалува и конкуренцијата. Од мониторираните постапки за првите шест месеци годинава, во скоро третина од постапките имало 0 до 2 учесници.

Отсуствува прецизно дефинирање на елементот „квалитет“ во изборот на најповолна понуда, со што се остава простор за субјективно доделување на бодови. Подеталната анализа на тендерските документации на постапките за јавни набавки каде што се користи елементот „квалитет“ доведува до заклучок дека отсуствува негово јасно расчленување на поделементи, односно попрецизно дефинирање на критериумите според кои одредена понуда ќе се оцени дека е повеќе или помалку квалитетна.

Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

     

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој Извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки е изработен во соработка и со финансиска поддршка на Фондацијата Oтворено општество – Македонија