23 Извештај од мониторингот на јавните набавки и Анкета со фирмите за нивното искуство во јавните набавки во 2014 година

Доминантен дел од анкетираните фирми сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот во однос на цената на набавките.
17.11.20148489

Клучни наоди:

  • Главните проблеми со кои се соочуваат фирмите во јавните набавки се: обемноста на документацијата што се бара за учество на тендерите, задоцнетата наплата на побарувањата за реализираните договори за јавни набавки и приспособувањето на условите за учество на тендерите за да одговараат само на одредени понудувачи.
  • Фирмите што реализирале договори за јавни набавки просечно чекаат по шест месеци за наплата на побарувањата од тендерите.
  • Доминантен дел од анкетираните фирми сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот во однос на цената на набавките.
  • Високите трошоци и недовербата кон жалбената постапка се главните причини поради кои 93% од анкетираните фирми ретко или никогаш не вложуваат жалби во постапките за јавни набавки.
  • Фирмите го оценуваат со 2,86 на скала од 1 (негативно) до 5 (одлично) целокупниот процес на јавни набавки во земјава, што е минимално подобрување на оценката од пред две години, која изнесуваше 2,84.
  • Три најчести предлози од фирмите за промена на Законот за јавните набавки се: промена на законската одредба што ја определува најниската цена како единствен критериум и земањето предвид на квалитетот на производите, услугите и работите; укинување на задолжителноста на електронската аукција за малите набавки до 5.000 евра и намалување на обемот и поедноставување на тендерската документација.
  • Споредбената анализа за жалбената постапка упатува на можноста за промена на роковите за поднесување жалба во постапките за јавни набавки, проширување на списокот на субјекти кои имаат право да поднесат жалба и воведување нов, поправичен модел на пресметка на висината на надоместокот за вложување жалба.

Повеќе за извештајот од мониторингот и за анкетата со фирмите можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

     

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој извештај е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.