31 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јули-декември 2018)

Резултати од мониторингот на јавни набавки и најновата анкета меѓу фирмите.
21.05.20195056

Клучни наоди

Зачестено се спроведуваат големи тендери кои не се делат на лотови, и со тоа се оневозможува конкуренција помеѓу фирмите, односно се доведува во прашање рационалното и ефикасното искористување на средствата.

» Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена во однос на првото полугодие. Гледано на годишно ниво, во дури 32% од мониторираните тендери е добиена само една понуда, што говори за влошување на конкуренцијата во јавните набавки.

» Зголемена е примената на нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Во 2018 година се склучени вкупно 596 договори без објавување оглас, во вредност од 33 милиони евра, што е за 4 милиони евра повеќе од 2017 година. Доминантна причина за примена на оваа нетранспарентна постапка е ’крајната итност‘.

Повеќе за извештајот можете да го прочитате на македонски и англиски јазик.

     

Овој извештај е подготвен од тимот на Центарот за граѓански комуникации, грантист на проектот на УСАИД за Граѓанско учество, со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.