Анализа на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во Северна Македонија

24/03/2025137

Анализата на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во Северна Македонија покажа дека надлежните институции во земјава малку ги користат податоците за вистинските сопственици во насока на спречување, откривање и санкционирање на перењето пари и во борбата против тероризмот, а се чини, воопшто не ги користат за други цели и за спречување корупција, криминал и злоупотреби во другите области. Институциите и надлежната Управа за финансиско разузнавање имаат различни податоци за бројот на случаи против перењето пари и финансирањето тероризам.

Истражувањето можете да го прочитате на македонски, албански и англиски јазик со кликнување на соодветната слика.