Бриф за главните карактеристики на јавните набавки во Македонија 2017/2018

Сумирани информации за главните карактеристики на јавните набавки во земјава за 2017/2018, борбата против корупцијата во јавните набавки, како и споредбени показатели и трендови за земјите од регионот.
25.12.2017912

There are no translations available.

Сумирани информации за главните карактеристики на јавните набавки во земјава за 2017/2018, борбата против корупцијата во јавните набавки, како и споредбени показатели и трендови за земјите од регионот.

  • Годишната вредност на набавките само за една година имаше рекорден пад од 35%, што е намалување за повеќе од 300 милиони евра. Истата, намалена вредност се задржува и во 2018 година.
  • Мал пораст има кај конкуренцијата на тендерите (од 2,97 понудувачи во 2016 на 3,33 во 2017), но значително растат и поништувањата на тендерите (2016: 23%, 2017: 24%, 2018: 27%).
  • Стариот и многу критикуван Закон за јавните набавки е сè уште на сила, повеќе од година и половина по смената на власта. Со ваквото бавно реформирање, на системско ниво останаа старите проблеми, а на институционално ниво многу договорни органи продолжија со старите лоши практики.
  • Новиот закон се очекува да почне да важи од пролетта 2019 година. Во фокусот се става исплатливоста на тоа што се набавува. Се воведуваат контрола и антикорупциски мерки. Клучни за целосната примена на законот ќе бидат добрата подготовка на лицата што ги вршат набавките и навремената изработка на подзаконските акти.

Повеќе за наодите можете да прочитате на следниот линк.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Оваа публикација е изработена со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот „Балкан Тендер Воч“.