Во рамките на проектот се следат и анализираат зголемените трошоци за јавни набавки во општините за време на изборната година за да се укаже на евентуалното прекумерно или политички мотивирано трошење, да се подигне јавната свест за таквите практики и да се придонесе кон намалување на неправилностите.
Општа цел на проектот е: да придонесе за зголемена транспарентност и отчетност во локалната власт преку следење на трошоците за јавни набавки во општините во изборната година, намалувајќи ги можностите за злоупотреба на јавни средства за остварување изборна предност.
Специфични цели на проектот се:
- Да се следат и анализираат трошоците за јавни набавки во општините за време на изборната година, што ќе овозможи да се детектираат можни злоупотреби на јавните средства за изборни цели,
- Да се подигне јавната свест и да се подобри медиумското известување за ризиците од непродуктивно или политички мотивирано трошење и
- Да се процени влијанието на јавните набавки врз животот и работата на жените, младите и маргинализираните групи, што ќе поттикне поголема одговорност и инклузивност во локалното управување.
Се очекува, проектот да ги постигне следниве резултати:
- Подобрена транспарентност преку следење и известување за трендовите во трошењето на јавните средства во општините, со што се намалуваат можностите за нивна злоупотреба во изборите.
- Зголемена јавна свест преку подобро информирање на граѓаните и медиумите за трошоците за јавните набавки во изборната година, што доведува до поголема јавна контрола и одговорност.
- Зголемен ангажман на медиумите преку медиумските извештаи и покривањето на наодите од трендовите во јавните набавки што придонесуваат за избалансирани и засновани на факти дискусии за трошењето во изборната година.
- Зголемена одговорност за ранливите категории преку направената проценка дали зголемените набавки се однесуваат на подобрување на условите за живот и работа на жените, младите и маргинализираните групи придонесува за подобрување на одговорноста при распределба на јавните средства во однос на ранливите категории.
Овој субгрант е доделен во рамки на ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонски центар за меѓународна соработка, Асоцијација за демократски иницијативи АДИ од Гостивар и Медиа плус Штип.
