Истражувањето за движењето на бројот на студенти во земјава во последните десет учебни години покажа дека само за последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 %. Најмногу студенти во последните десeт години загубиле државните универзитети – 11.150, односно 22 %. УКИМ е најголем губитник, со речиси 5 илјади помалку студенти за десет години. Поединечно, најмногу студенти загубиле Економскиот, Филолошкиот и Градежниот факултет во Скопје. Наспроти тоа, на приватните факлултети има 4.054 или 56 % студенти повеќе во последните десeт години.
До целото истражување и базата на податоци може да се пристапи на следниот линк.
