Денеска се одржа консултативна средба со претставници на надлежните и релевантните институции за наодите од нашето истражување: „Клучни играчи и конкуренција во јавните набавки во здравството 2015-2024“. Присутните се запознаа со сознанијата од истражувањето и преку дисусијата и размената на мислења придонесоа за негова финализација.
Здравствениот систем се соочува со постојан притисок да обезбеди квалитетни услуги во услови на ограничени ресурси, растечки трошоци и зголемени очекувања на населението. Затоа, од суштинско значење е не само колку средства се издвојуваат, туку и колку ефикасно и транспарентно се трошат тие средства.
Ова е второ во низата од три планирани истражувања за јавните набавки во здравството кои треба да резултираат со конкретни препораки за намалување на корупцијата во здравствениот сектор.

