Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери, Град Скопје за првпат не e прв на листатa

Истражување за јавните набавки на општините во 2024 година
11/08/20252

Истражувањето открива дека 80-те општини и Градот Скопје во 2024 година склучиле вкупно 4.006 договори за јавни набавки во вредност од 11,7 милијарди денари, односно 190 милиони евра. Само во 2024 година, вредноста на општинските тендери пораснала за 16 проценти, односно за 26 милиони евра. Најголем скок во вредноста на тендерите имаат скопските општини Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода. Град Скопје за прв пат го загуби приматот и со годишен пад на вредноста на тендерите од 11,5 милиони евра, се наоѓа на шестото место.

Сите податоци за јавните набавки по општини, фирми и години од 2015 година наваму се наоѓаат на Базата на податоци за јавните набавки на општините.