28 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јули-декември 2016)

Во 2016 година дури 23% од тендерите се целосно или делумно поништени, што е за 3 процентни поени повеќе од претходната година.
20.06.20177501

Клучни наоди од мониторингот на јавни набавки:

  • Во 2016 година дури 23% од тендерите се целосно или делумно поништени. Почесто се поништувани поголемите, отколку помалите тендери. Во мониторингот се евидентирани низа примери на проблематични поништувања на тендерите.
  • Речиси секој трет тендер е со еден понудувач. Ова е последица, пред сè, на малата конкуренција евидентирана во првото полугодие од 2016 година.
  • Бирократизацијата на постапките за јавни набавки со барањата согласност од Советот за јавни набавки не губи значително од интензитетот. Во 2016 година договорните органи до Советот за јавни набавки вкупно доставиле 16.067 барања за согласност, што ги чинело вкупно 1,8 милиони евра.
  • Иако била планирана во сите тендери, е-аукцијата е одржана само во 55% од мониторираните постапки.
  • Во 2016 година се склучени 605 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 34,8 милиони евра. Вредноста на овие договори е за 20%  повисока од 2015 година. Најголемиот договор преку оваа нетранспарентна постапка го има склучено АД Електрани на Македонија за ископ на јаглен и јаловина за ПЕ Рудници, РЕК Битола, во вредност од околу 5,8 милиони евра.
  • До Државната комисија за жалби по јавни набавки во 2016 година доставени се само 557 жалби од фирмите. Бројот на жалби упатува на исклучително мал процент на обжалени постапки за јавните набавки од страна на фирмите од 3%.

Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик

   

Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Цивика мобилитас.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.