Клучни наоди од анкетирањето на 210 фирми за нивното искуство во јавните набавки, спроведено во периодот февруари-март 2018 година:
- ’Најниската цена‘ како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и потребната обемна документација за учество на тендерите се главните проблеми во јавните набавки што ги посочуваат фирмите.
- Испитаните фирми чекаат просечно по 6 месеци и 21 ден за да ги добијат парите за завршената работа. пред две години просекот изнесуваше 8 месеци, а лани 6 месеци.
- 95% од фирмите сметаат дека на е-аукциите се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот на набавките во однос на нивната цена.
- Дури 88% од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки, но со различна оценка за нивото на нејзината присутност. најголем дел од фирмите, односно 47%, сметаат дека во јавните набавки има корупција, но ретко; 5% велат секогаш, а 36% често. само 12% од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки никогаш нема корупција.
Наоди од мониторингот на јавните набавки:
- Рекордно ниско ниво на јавните набавки во 2017 година. вредноста на договорите за јавни набавки склучени во оваа година изнесуваат 624 милиони евра, наспроти 962 милиони евра во 2016 година.
- Советот за јавни набавки престана со работа на крајот на ноември 2017 година. не постојат податоци за ефектот од нивното работење во последните пет месеци (јули-ноември 2017 година). Специјално формираната комисија во министерството за финансии не ги достави побараните податоци.
- Уделот на поништувањето на постапките од 24% на годишно ниво во 2017 година е највисок во периодот од 2013-2017 година.
Повеќе за извештајот и за клучните наоди од анкетирањето можете да прочитате на македонски и англиски јазик.
Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Цивика мобилитас.
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.



