32 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јануари-јуни 2019)

Старите навики се посилни од новиот Закон за јавните набавки. ’Најниската ценаʻ и електронската аукција остануваат неприкосновени и во првите три месеци од примената на Законот.
30.12.20191023

Старите навики се посилни од новиот Закон за јавните набавки. „Најниската цена“ и електронската аукција остануваат неприкосновени и во првите три месеци од примената на Законот.

Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2019 година е влошена во однос на претходните две години. Просечниот број понуди на мониторираниот примерок изнесува само 2,74, а во дури 35 % од мониторираните тендери е добиена само една понуда.

Институциите најчесто не ја наведуваат проценетата вредност на тендерот во огласите за јавни набавки, што е во согласност со новините на Законот. Но, увидот во понудите доставени во мониторираните тендери открива голем број случаи во кои понудените цени се симптоматично блиску до проценетата вредност на тендерите, која понудувачите инаку не можеле да ја видат во тендерската документација.

Секој четврти тендер (25,8 %) е целосно или делумно поништен. Покрај вообичаените законски основи за поништување, додадена е и можноста тендерот да се поништи според инструкција од Бирото за јавни набавки, а по спроведена управна контрола. Токму поради оваа основа е поништен еден од поголемите тендери опфатени во мониторингот.

Во првото полугодие од 2019 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас, склучени се договори во вредност од 9,6 милиони евра, што е за 11 % помалку од истиот период лани.

Извештајот можете да го прочитате на македонски и англиски јазик.

   

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.