Законски незадолжителната е-аукција во праксата и натаму е нераскинлив дел од тендерите и во првото полугодие од 2021 година се применувала во дури 91 % од сите јавни набавки спроведени во земјата.
Нееднаквиот однос кон понудувачите води кон две крајности, во едната понудувачите се исклучуваат од тендерската постапка и за работи кои не се предвидени со Законот, а во другата крајност се прифаќаат погрешно напишани финансиски понуди, кои според Законот се неприфатливи.
Доставувањето понуди што се идентични со проценетата вредност, која не е јавно објавена, нескриено упатува на претходно договарање. Во мониторираниот примерок се забележани значителен број тендери во коишто проценетата вредност не била јавно објавена, односно не била наведена во огласот за јавната набавка, но понудувачите „идеално“ ја вклопиле својата понуда во неа.
Извештајот можете да го прочитате на македонски и англиски јазик.



