39 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јануари-јуни 2023)

Во дел од постапките за јавни набавки се донесуваат одлуки без соодветни и прецизни образложенија, со што се создава правна несигурност кај учесниците во постапките и расте сомнежот во објективноста и законитоста на постапувањата.
11.03.20241176

Секој трет договор за јавна набавка и во првото полугодие од 2023 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Со отсуство на конкуренција, склучени се 5.045 договори во вкупна вредност од 283 милиони евра. Во првото полугодие од 2023 година намален е и просечниот број на понуди на сите постапки за јавни набавки и изнесува 2,8, наспроти 3, колку што изнесуваше во 2022 година. Отсуство на конкуренција е особено загрижувачки во областа каде што се трошат значаен дел од јавните пари, а тоа е здравството. Конкуренцијата изостанува дури и во тендери со огромна вредност, како што е двегодишната набавка на инсулин и глукагон за 2023 и 2024 година, во вредност од 28 милиони евра.

Во значаен дел од постапките не се утврдуваат количините на она што се набавува, со што, на штета на буџетските пари, се оневозможува фирмите да понудат пониски цени за поголеми количини на набавка. Ваквиот пристап овозможува и манипулација и злоупотреби во фазата на реализацијата на договорите.

Извештајот можете да го прочитате на македонски и англиски јазик.