30 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јули-декември 2017)

’Најниската цена‘ како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и потребната обемна документација за учество на тендерите се главните проблеми во јавните набавки што ги посочуваат фирмите.
13.06.20183196

Клучни наоди од анкетирањето на 210 фирми за нивното искуство во јавните набавки, спроведено во периодот февруари-март 2018 година:

  • ’Најниската цена‘ како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и потребната обемна документација за учество на тендерите се главните проблеми во јавните набавки што ги посочуваат фирмите.
  • Испитаните фирми чекаат просечно по 6 месеци и 21 ден за да ги добијат парите за завршената работа. пред две години просекот изнесуваше 8 месеци, а лани 6 месеци.
  • 95% од фирмите сметаат дека на е-аукциите се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот на набавките во однос на нивната цена.
  • Дури 88% од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки, но со различна оценка за нивото на нејзината присутност. најголем дел од фирмите, односно 47%, сметаат дека во јавните набавки има корупција, но ретко; 5% велат секогаш, а 36% често. само 12% од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки никогаш нема корупција.

Наоди од мониторингот на јавните набавки:

  • Рекордно ниско ниво на јавните набавки во 2017 година. вредноста на договорите за јавни набавки склучени во оваа година изнесуваат 624 милиони евра, наспроти 962 милиони евра во 2016 година.
  • Советот за јавни набавки престана со работа на крајот на ноември 2017 година. не постојат податоци за ефектот од нивното работење во последните пет месеци (јули-ноември 2017 година). Специјално формираната комисија во министерството за финансии не ги достави побараните податоци.
  • Уделот на поништувањето на постапките од 24% на годишно ниво во 2017 година е највисок во периодот од 2013-2017 година.

Повеќе за извештајот и за клучните наоди од анкетирањето можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

     

Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Цивика мобилитас.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.