Истражувањето за инфраструктурните проекти во општините од владината програма за децентрализација открива дека од октомври 2024 до октомври 2025 година, односно во последната година пред изборите, Владата испланира 250 милиони евра за инфраструктурни проекти на општините, и од тие пари им одобри 112 милиони евра преку шест министерства. Само за 11 проекти (нецел 1 %), односно 4,3 милиони евра (нецели 3 %) од средствата може да се процени дека директно се однесуваат на подобрување на условите за живот и работа на жените, младите и маргинализираните групи.
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.
Истражувањето може да го преземете на македонски, албански и англиски јазик
Видеото за истражувањето може да го погледнете на македонски и албански јазик
Преглед на состојбата по општини:
Препораките за подобрување на финансиските трансфери од владата за инфраструктурни проекти на општините може да го преземете на македонски, албански и англиски јазик
Видеото со препораките може да го погледнете на македонски и албански јазик
Проектот „Фер трошење за фер избори: Следење на јавните набавки на општините во изборната година“ спроведуван од Центарот за граѓански комуникации. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија.











