БАРАЊЕ ЗА ПОНУДА: Креирање и продукција на комуникациски содржини за промоција на истражувачки наоди на ЦГК

11/02/202619

Во рамки на проектот „Јавен надзор на јавните набавки“ ЦГК ќе изработува и објавува серија истражувања (вкупно 6 истражувања во период од 2 години). За секое од шесте истражувања ќе се објавува извештај, и секој извештај ќе содржи по 3 студии на случај (вкупно 18 студии на случај). Извештаите ќе се објавуваат квартално во периодот март 2026-јули 2027 година и од страна на ЦГК ќе бидат доставувани до медиумите и надлежните институции, а ќе бидат објавувани и на веб-страните на ЦГК  и на налозите на социјалните медиуми.

За подобро претставување на наодите во јавноста бараме понуда за креирање квалитетни, разбирливи и визуелно привлечни дигитални содржини кои ќе ги претстават наодите од истражувањата, ќе допрат до различни целни публики и ќе поттикнат информирана јавна дебата.

Опфат на услугите:

  • Креирање концепт и визуелен пристап за промоција на истражувачките наоди
    • Продукција на содржини за социјални медиуми, вклучително кратки видеа, reels-ови, инфографици за секоја студија на случај.
  • Прилагодување на содржините за различни платформи (Facebook, Instagram, YouTube)
  • Промоција на креираните продукти во 6 циклуси паралено со објавувањето на истражувањата на ЦГК
  • Тесна соработка со тимот на организацијата (содржинска насока, факти, пораки)

 Очекувани продукти:

  • Минимум 50 комуникациски производи во период од 18 месеци поделени во 6 циклуси на комуникациски кампањи, со следен состав:
      • 6 видеа (по 60 секунди) – секое видео треба да опфати по три студии на случај.
      • 18 reels-ови – по еден за секоја студија на случај
      • 18 инфографици – по еден за секоја студија на случај
      • 8 финални медиумски продукти (видеа, reels-ови или инфографици)
      • Промоција на продуктите на социјалните мрежи
  • Очекуван кумулативен досег:
    • најмалку 1.200.000 граѓани (600.000 годишно)

Временска рамка:

Ангажманот ќе се реализира во период од февруари 2026 – септември 2027 со континуирана продукција на содржини според динамика договорена со нарачателот.

Критериуми за избор:

Понудите ќе се оценуваат врз основа на:

  • Релевантно претходно искуство во:
    • продукција на видеа и дигитални кампањи
    • работа со граѓански организации, медиуми или истражувачки теми
  • Квалитет на портфолио / примероци од претходна работа
  • Разбирање на задачата и предложен пристап
  • Финансиска понуда (вредност за пари)
  • Рок за реализација по тип на производи

Содржина на понудата:

Понудата треба да содржи:

  1. Краток опис на понудувачот
  2. Релевантно искуство и портфолио (линкови)
  3. Предлог-пристап за извршување на задачата
  4. Финансиска понуда:
    • вкупна цена
    • и цена по тип на производ (видео, инфографик, reel, медиумски  производ)
  5. Рок на реализација по тип на производи

Начин и рок за доставување

Понудите да се достават најдоцна до 17 февруари 2026 година до 16ч, на електронска адреса: vtrajkovic@ccc.org.mk
За дополнителни информации, може да се контактира: Весна Трајковиќ на телефонскиот број 070 335 804.