4 милиони евра поделиле општините за поддршка и дотации на граѓаните во изборната 2025 година
Паричната помош е доделувана според 92 различни основи.
Паричната помош е доделувана според 92 различни основи.
Центарот за граѓански комуникации, во партнерство со организации од Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово и Србија го спроведуваат проектот „Истражување на потенцијалите на јавното-приватно партнерство и концесиите за регионален развој во Западен Балкан“ финансиран од Open Society Foundations – Western Balkans. За таа цел бараме понуда за креирање дигитални и аудиовизуелни содржини и спроведување на онлајн кампања за промоција на проектните активности со следната спецификација: Креирање на концепт и спроведување на онлајн кампања и промоција...
Центарот за граѓански комуникации, Здружение на активни граѓани Активо и Здружение на даночни советници на Република Македонија го спроведуваат проектот „Користење на податоците за вистинските сопственици за намалување на корупцијата“ во рамки на програмата Civica Mobilitas. За таа цел бараме понуда за креирање и спроведување на онлајн кампања за промоција на проектните активности со следната спецификација: Креирање на концепт и спроведување на онлајн кампања и промоција на социјални медиуми; Информативно видео – 1 (едно) видео...
Истражување на тендерите за хоризонтална сигнализација во општините
Доверливи договори, незаконски авансни плаќања и спорна реализација
Јавното здравство во земјава се соочува постојан и растечки јаз меѓу потрошените средства и испорачаните резултати. Во текот на изминатите десет години, трошоците во здравството преку јавните набавки значително пораснаа, но обемот на услугите, ефикасноста и отчетноста стагнираат или се намалуваат. Трите анализи што Центарот за граѓански комуникации ги изработи во текот на 2025 и 2026 година даваат детален и сеопфатен преглед за овие предизвици и откриваат низа слабости, ризици од корупција и евентуални злоупотреби...
📢 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ Проект: RISE Balkans – Зајакнување на гласот на младите: Одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот (проект бр. 101253022) во рамките на програмата CERV на Европската Унија. Период за аплицирање: 1 јуни 2026 – 20 јуни 2026 Организациски партнер: Центар за граѓански комуникации 🎯 КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ? Бараме мотивирани млади луѓе кои сакаат: Да се вклучат во граѓански активности и демократски процеси; Да развијат вештини во...
Tелевизиска дебата на тема „Отворено владеење во пракса: партнерство, учество и доверба“
Потребно е поправично и поодржливо финансирање на локалната инфраструктура
16 април 2026 год. | Скопје | Центарот за граѓански комуникации денеска ги промовираше предлозите за преземање конкретни мерки за спречување на корупцијата во јавните набавки во здравствениот сектор, врз основа на претходно изработените истражувања и анализи на ризиците и на генераторите на корупцијата здравствените тендери. Македонското јавно здравство троши за јавни набавки повеќе од 300 милиони евра годишно кои се под бројни ризици од злоупотреба и неодговорно трошење. Претставници на клучните чинители од оваа...
Почитувани, Центарот за граѓански комуникации во рамки на проектот „Фер трошење за фер избори: Следење на јавните набавки на општините во изборната година“ финансиран од Национална фондација за развој на граѓанското општество Граѓански ресурсен центар Скопје (ГРЦ), има потреба од креирање на две видеа за потребите на предвидената онлајн кампања за промовирање на наодите и препораките од извештаите за подостапно, полесно и поефектно разбирање на содржината од што е можно поширок круг на публика и...
Истражување за корупциските ризици во јавните набавки во здравствениот сектор
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 19 март 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.1). Издвојуваме дел од клучните наоди: 1. Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје: За 1,5 милиони евра, храната се дели на улица и не секогаш според договореното Договорот за јавна набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во вредност од 1,5 милион евра не се спроведува во...
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 18 февруари 2026 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Истражувањето покажува дека: Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно. ЈСП располага со...
Во рамки на проектот „Јавен надзор на јавните набавки“ ЦГК ќе изработува и објавува серија истражувања (вкупно 6 истражувања во период од 2 години). За секое од шесте истражувања ќе се објавува извештај, и секој извештај ќе содржи по 3 студии на случај (вкупно 18 студии на случај). Извештаите ќе се објавуваат квартално во периодот март 2026-јули 2027 година и од страна на ЦГК ќе бидат доставувани до медиумите и надлежните институции, а ќе бидат...
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА Денеска, 10 февруари 2026 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави извештајот и базата на податоци од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините во 2024 и 2025 година, со следниве клучни наоди: Од октомври 2024 до октомври 2025 година, Владата испланира 250 милиони евра за инфраструктурни проекти на општините, и од тие пари им одобри 112 милиони евра преку шест министерства. Со првата одлука од октомври 2024...
САМО ЗА ДВА МЕСЕЦА, 3.000 ФИРМИ ШТО ДОБИЛЕ ТЕНДЕРИ ГИ ОБЕЛОДЕНИЛЕ СВОИТЕ ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Скопје, 28 јануари 2026 година | Повеќе од 30 претставници на клучни јавни институции, граѓански организации, медиуми и меѓународни организации денеска дискутираа за можностите и начините на користење на податоците од Регистарот за вистински сопственици на правните субјекти како алатка за борба против корупцијата. Швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Сомер истакна примери за откривање...
Денес, 14 јануари 2026 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за трошоците на единиците на локална самоуправа за новогодишно украсување. Истражувањето покажува дека: Тендери за новогодишно украсување имале 36 општини; Најмногу пари потрошила Општина Штип, 81 илјада евра; Градот Скопје и пет други скопски општини заедно потрошиле 285 илјади евра – сите со една иста фирма; Штип потрошил за украсување 111 денари по жител, а Скопје 8 денари; На...
Денес, 23 декември 2025 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството во периодот од 2015 до 2024 година. Истражувањето покажа дека: Во последната декада вредноста на јавните набавки во здравството е повеќе од двојно зголемена, додека бројот на фирми што добиле тендер пораснал за само 12 %, што укажува на концентрација на средствата кај ограничен број добавувачи. Со растот на вредноста на тендерите, уделот на...
Денес, 11 декември 2025 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија во земјава. Истражувањето открива дека: Загуба оствариле повеќе од половина од локалните јавни претпријатија во земјава, односно 71 од 128-те претпријатија. Вкупниот износ на загубите изнесува 17 милиони евра. На првите три места според загубите се скопски, а на третото и четвртото место се битолски јавни претпријатија. Во последните години растат и...
Во гостувањето во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24, Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации предупреди на сериозните корупциски ризици во јавните набавки во здравствениот сектор, посочувајќи дека недостатокот на конкуренција во тендерските постапки отвора простор за злоупотреби и неефикасно трошење на јавните средства. Факиќ истакна дека значителниот раст на вредноста на јавните набавки во здравството е проследен со сè помал број понудувачи на тендерите. Според анализите, речиси половина од вкупната вредност на договорите...
Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку
Ќе се зголеми ли транспарентноста во јавните набавки?
Најмалку половина од општините не ги објавуваат оние податоци кои според закон треба да ги објават, а се однесуваат во делот на трошењето на парите.
Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2025 година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %), исто колку што изнесуваше и минатата година.
Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери, Град Скопје за првпат не прв на листата
Дупки и недоследности во пријавувањето сопственост и интереси на функционерите на патот на откривањето корупција
Речиси третина од фирмите чии лиценци ќе се одземаат имаат блокирана сметка или се неактивни
За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра
3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте
1 милион евра пари на граѓаните општините трошат годишно на изведувачи и забавни манифестации
Општините и министерствата заедно трошат за адвокатски услуги повеќе од 2 милиони евра годишно
Истражувањето можете да го прочитате на македонски, албански и англиски јазик со кликнување на соодветната слика. Денес, 9 декември 2024 година, Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо ја објавија Анализата на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во Северна Македонија. Анализата покажа дека: Надлежните институции во земјава малку ги користат податоците за вистинските сопственици во насока на спречување, откривање и санкционирање на перењето пари и во борбата...
Само 10 фирми, за 5 години добиле тендери за 1 милијарда евра
Студии на случај за проблематични јавни набавки во општините во кои се спроведе граѓанскиот мониторинг: Битола, Штип и Кичево
Истражувањето можете да го прочитате на македонски, албански и англиски јазик со кликнување на соодветната слика. Целта на истражувањето е согледување на состојбите со инспекцискиот надзор во единиците на локална самоуправа. Истражувањето е поттикнато од ризиците од корупција поврзани со инспекцискиот надзор кои ја наметнуваат неопходноста од анализирање на постоечките практики, детектирање на проблемите и изготвување соодветни препораки со цел зголемување на транспарентноста и интегритетот на овие процедури. Ова истражување е спроведено во осум таргетирани...
Општините не ги информираат граѓаните за реализираните продажби на државно градежно земјиште. Тие ги објавуваат одлуките за отуѓување на државно градежно земјиште во Службен весник на РСМ.
За десет години, бројот на студенти е намален за 7.000, секој петти студент сака да биде лекар.
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 30 септември 2024 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави: Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки, кој вклучува и анкети со фирмите и со претставниците на државните институции; Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема исти производи или услуги и Базата на податоци за јавните набавки на општините за 2023 годинa Клучните наоди од овие истражувања вклучуваат: – Јавните набавки во...
Само за десет години бројот на ученици во основните и во средните училишта во земјава е намален за 27 илјади, односно за 10%. Бројот на средношколци е намален за 20 %, односно за повеќе од 17 илјади ученици.
Министерствата без напредок во активната транспарентност, општините со минимално подобрување
Кубик вода за пиење во боговиње плаќаат по 7,5 денари, а во кочани по 49 денари
Ниту едно министерство или општина во земјава немаат високо ниво на заштита од корупција во јавните набавки
Целта на истражувањето е да се мапираат актуелните практики во однос на издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи, пред сè поради нотираните зголемени проблеми со заштитата на животната средина во државава.
Тендерот за гласањето на дијаспората е поголем од печатењето на ливчињата за сите гласачи
Без транспарентност и отчетност се трошат околу 10 милиони евра за набавки коишто се финансираат со пари од родителите во училиштата
Центарот за граѓански комуникации објавува повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“
Ова е седми по ред Извештај за споредбена проценка на состојбите во јавните набавки на земјите од Западен Балкан, изработен од коалицијата на граѓански организации за борба против корупцијата во јавните набавки, Балкан Тендер Воч. Извештајот можете да го прочитате на англиски јазик на следниот линк
Повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“
Наспроти законски предвидениот плански период од 10 години, во дел од општините ГУП-от не е сменет и по повеќе од 20 години.
Скопјани со најголеми, а Крушевчани со најмали можности за здравствена заштита во земјава
На земјава ѝ недостигаат 52 тимови за итна медицинска помош, за да се задоволи законскиот минимум
Истражување за исплатите од буџетската ставка 463: Трансферите до невладини организации во 2022 година.
Истражување за исплатите од буџетската ставка 463: Трансферите до невладини организации во 2022 година.
Роковите за отпочнување на тендерските постапки наведени во плановите за јавни набавки речиси воопшто не се почитуваат. Дури 90 % од мониторираните постапки се спроведени со задоцнување, и тоа од 1 до 8 месеци.
За да ги покријат трошоците на кризата во 2022 година, владата и општините скратиле од граѓаните наместо порационално да ги трошат буџетските пари – откажани се витални проекти вредни 220 милиони евра
Општините и училиштата ги доделуваат на користење објектите за спорт во нетранспарентни постапки
База на податоци на сите тендери на општините и Градот Скопје за 2022 година.
За борбата со комарците, општините годинава платиле 770 илјади евра. Тендери за справување со комарците имале 39 општини и еден плански регион со 9 општини. Ова значи дека вкупно 48 општини годинава презеле мерки за уништување на комарците.
Активната транспарентност на министерствата стагнира, а општините со минимално подобрување
Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години.
Роковите за отпочнување на тендерските постапки наведени во плановите за јавни набавки речиси воопшто не се почитуваат. Дури 90 % од мониторираните постапки се спроведени со задоцнување, и тоа од 1 до 8 месеци.
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до јуни 2023 година, како и Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема ист производ или услуга, во случајов услуги за заловување и стручен третман на кучињата скитници.
Целта на овој документ за јавни политики е на едно место да ги сумира клучните ризици од корупција и препораките за нивно надминување
Центарот за граѓански комуникации објавува повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави Извештајот од истражувањето на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина за детектирање на ризиците од корупција и Документот со препораки за поттикнување на спроведувањето „зелени“ јавни набавки и спречување на корупцијата во процесот.
Мрежа од девет невладини организации предводена од Центарот за граѓански комуникации направи проценка на ризиците од корупција во јавните набавки во осум општини од земјава: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип.
На денешната дебата за „зелените“ јавни набавки во земјава, Центарот за граѓански комуникации ги претстави иницијалните наоди од мониторингот на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина и од истражувањето на (не)примената на „зелените“ јавни набавки во земјата и влијанието на корупциските ризици во процесот.
На меѓународниот ден за борба против корупцијата, ние, граѓанските организации упатуваме порака дека главен приоритет за нашето општество се демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, чија членка е и Центарот за граѓански комуникации, го објави првиот Антикорупциски месечник за ноември 2022 година
Претставници на граѓански организации од областа на заштитата на животната средина и борбата против корупцијата разменуваа идеи и сознанија за детектирање на ризиците од корупција во јавните набавки поврзани со заштита на животната средина, како и за поцелосно опфаќање на состојбата со одржливите јавни набавки во земјава.
Повеќе од 170 претставници на општините и локалните јавни претпријатија од Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип учествуваа во низата од 8 обуки одржани од мај до октомври оваа година, а кои треба да им помогнат на општинската администрација и на вработените во локалните јавни претпријатија за воведување систем за интегритет, за зголемување на транспарентноста, како и проценка на ризиците од корупција во јавните набавки и нивно намалување. Обуките се дел од проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија.
Стандардите врз основа на коишто е направена оценката на транспарентноста и на отчетноста на претпријатијата во државна сопственост се утврдени преку анализа на релевантната законска регулатива и на меѓународните стандарди. Оттука, доминантен дел од избраните стандарди се законски обврзувачки за претпријатијата, а помал дел се стандарди што се сметаат за добра практика.
Истражувањето спроведено во текот на јуни 2022 година покажа дека 30-те најголеми претпријатија во 2022 година објавиле само 48 % од информациите и од документите што треба да ги објават на своите веб-страници.
Зголемена е вредноста на договорите склучени низ нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас.
Индекс на активна транспарентност 2022 година Денес, 18 август 2022 година, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: – Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 % (од максимално можни 100 %). – Во однос на...
Високи ризици од корупција и судир на интереси во набавките за КОВИД-19 и речиси две години по избувнување на кризата
Од почетокот на пандемијата во март 2020 година до крајот на 2021 година, во земјата се спровел 581 тендер за КОВИД-19, во вкупна вредност од 33 милиони евра.
Истражувањето покажува дека се набавени нови 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра.
КОВИД-19 набавките сѐ уште изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција
Постојат големи разлики помеѓу 28-те ковид-центри кои беа предмет на анализата во периодот од 1 октомври 2020 до 31 март 2021 година
Спречување на корупцијата во јавните набавки: Што можат да сторат договорните органи? Овој документ за јавни политики се фокусира врз справувањето со корупцијата и со судирот на интереси во јавните набавки на институционално ниво, односно што и како може и треба да се прави во таа насока.
Зимското одржување на улиците и патиштата оваа сезона ќе чини 8 милиони евра
Украсувањето на улиците се откажа, но новогодишните пакетчиња останаа
Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите
Редовен годишен извештај во сенка за состојбите во јавните набавки во Северна Македонија
Расте отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите; секој трет тендер се поништува.
И во кризната 2020 година, општините потрошиле на тендери речиси исто колку и во претходната година
Минимално подобрување на активната транспарентност во 2020 година
Предлозите се изготвени по длабинското истражување на ризиците од корупција, систематизирани во истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“
Во последните десет години (од 2010 до 2019 година) Државниот завод за ревизија (ДЗР) извршил вкупно 699 ревизии. Најмногу во 2014 година, дури 98, а најмалку во 2012 година, 50 ревизии. Базата на податоци на сите извршени ревизии од страна на Државниот завод за ревизија од 2010 до 2019 година е изработена во отворен формат
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на доделени концесии за минерални суровини за 2019 година.
Расте примената на нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на пресметан и наплатен данок на имот за сите општини за 2017, 2018 и 2019 година.
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за зимско одржување на патиштата за сезоната 2020/21
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за новогодишно украсување на општините низ земјава и купените новогодишни пакетчиња за децата.
Работењето на државните претпријатија низ призмата на финансиските индикатори 2015-2019 година
Општинските советници чинат 3,5 милиони евра годишно Денес, 13 јануари 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на месечните паушали што им се исплаќаат на општинските советници и претседателите на советите на општините. Вкупната годишна сума што им се исплатува на 1319-те советници и претседатели на совети изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра. Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната плата во земјава. Претседателите добиваат 30 % повисок паушал од советниците. Услов за да се исплати паушалот е во месецот да биде одржана барем една седница. Најголем месечен паушал од една просечна плата од 24 илјади денари добиваат советниците на Град Скопје, но тие одржуваат и најмногу седници во текот на месецот. Од другите општини, највисоко платени се советниците во Кичево кои земаат 19 илјади денари месечно, а најмалку платени се советниците во Вевчани кои земаат малку помалку од 5 илјади денари месечно. Само 12 општини исплатуваат понизок месечен надомест од законскиот максимум, а 15 општини одат дури и над тој лимит. Најмногу седници годишно одржува Град Скопје, лани дури 27, а најмалку 6 одржале во Центар Жупа. Просечно, општинските совети одржувале по 15 седници годишно.
Стандардите врз основа на кои е направена оценката на транспарентноста и отчетноста на претпријатијата во државна сопственост се утврдени преку анализа на релевантната законска регулатива и на меѓународните стандарди.
И по речиси две години од примената на новиот Закон за јавните набавки – ефектите сè уште изостануваат. Иако новиот закон беше донесен поради усогласување со последната Директива на ЕУ за јавните набавки и под притисок на бројните критики што доаѓаа од сите страни дека законската рамка е неодржлива, ограничувачка и во многу случаи овозможува злоупотреби – сепак јавните набавки во Северна Македонија се спроведуваат по инерција на главните одредби од тој закон. Новиот закон...