Барање за понуда за креирање и спроведување на онлајн кампања

08.07.202659

Центарот за граѓански комуникации, Здружение на активни граѓани Активо и Здружение на даночни советници на Република Македонија го спроведуваат проектот „Користење на податоците за вистинските сопственици за намалување на корупцијата“ во рамки на програмата Civica Mobilitas. За таа цел бараме понуда за креирање и спроведување на онлајн кампања за промоција на проектните активности со следната спецификација:

  1. Креирање на концепт и спроведување на онлајн кампања и промоција на социјални медиуми;

 

  1. Информативно видео – 1 (едно) видео изработено врз основа на проектните продукти, активности, резултати и препораки. Видеото треба да содржи нарација на македонски јазик од вокален артист и да биде адаптирано со поднаписи и на албански јазик. Преводот на албански јазик ќе биде доставен од нарачателот. Максималната должина на видеото треба да биде до 3 минути. Видеото треба да биде комбинација од анимации, автентични снимки и сток снимки во зависност од содржината.

 

  1. Инфографици – 10 (десет) инфографици изработени врз основа на проектните продукти, активности, резултати и препораки, истите адаптирани и на албански јазик. Преводот на албански јазик ќе биде доставен од нарачателот.

 

  1. Промоција на социјални медиуми – закуп на рекламен простор и најмалку 20 оригинални објави (Meta, YouTube итн.) и финален KPI извештај.

Видеата и инфографиците треба да бидат соодветни, по содржина, изглед и формат за онлајн промовирање на социјалните медиуми.

Предвидената вкупна максимална сума за креирање и спроведување на онлајн кампања изнесува 275.950 денари без вклучен ДДВ. Проектот е ослободен од данок – ДДВ.

Ве молиме, вашите понуди да ни ги доставите најдоцна до 13.07.2026 година (понеделник) до 16ч. Понудата треба да ги содржи следните елементи:

Податоци (со линкови) за досега изработени видеа и онлајн кампањи и релевантно искуство врз чија основа ќе се изврши изборот;

CV на тимот што ќе биде вклучен во изработката на бараните содржини во понудата;

Финансиската понуда за онлајн кампањата треба да содржи поединечна цена по број на продукти според спецификацијата опишана погоре а во зависност од предвидениот максимален буџет.

Рок на извршување на услугата по тип на производ.

Во изборот на најповолната понуда ќе бидат земени предвид сите елементи од понудата.

За евентуалните појаснувања или прашања ве молиме користете ги нашите електронски адреси: vtrajkovic@ccc.org.mk или center@ccc.org.mk.

Лице за контакт: Весна Трајковиќ 070 335 804