Извештај од мониторингот на јавните набавки на локално ниво бр. 8

Истражувањето на пазарот за барањата на техничката спецификација не успеало во ниту еден од случаите.
04.07.20167711

Истражувањето на пазарот за барањата на техничката спецификација не успеало во ниту еден од случаите. Во 100% од тендерите морало да се бара согласност од Советот на јавни набавки пред да се објави огласот. Во делот на критериумите за учество, истражувањето успеало во 71% од случаите, а во останатите 29% се барала согласност. Притоа, конкуренцијата е поголема кај тендерите каде што истражувањето успеало и не било потребно да се бара согласност за тендерот.

Бројни примери од мониторингот на тендерите покажуваат голема меѓусебна зависност на проценетата вредност на набавките со крајната цена што се добива на тендерите, но и со поништувањето на постапките. Оттука, им се препорачува на договорните органи да спроведуваат предистражување на пазарот и на условите на него и, воопшто, посериозно да пристапуваат кон определување на проценетата вредност на набавките.

Процентот на поништување на тендерите во мониторираниот период и примерок е намален под просекот, иако има примери и на проблематични (не)поништувања на постапки.

Конкуренцијата на локалните тендери останува на истото, сè уште ниско ниво од просечно 2,5 понудувачи по тендер, а се намалува процентот на тендери без или само со еден понудувач.

Додека процентот на мониторирани тендери во кои се одржала електронска аукција е во пораст споредено со минатиот период, просечниот број на фирми кои фактички учествувале со наддавање на самите е-аукции изнесува само 2.

Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој извештај е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.