Прирачник за фирми за учество на електронски постапки за јавни набавки

Овој прирачник е наменет да им помогне на фирмите, од практичен аспект, подобро и побрзо да го совладаат подготвувањето на понудите за учество на т.н. електронски постапки за јавни набавки, што се спроведуваат преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).
27.07.20167625

Овој прирачник е наменет да им помогне на фирмите, од практичен аспект, подобро и побрзо да го совладаат подготвувањето на понудите за учество на т.н. електронски постапки за јавни набавки, што се спроведуваат преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). Преку прирачникот, фирмите ќе се запознаат подобро со својата улога во целокупниот тендерски процес при остварувањето на својот правен и комерцијален интерес.

Посебно, прирачникот е наменет за микропретпријатијата, како материјал за нивна обука и како средство за зголемување на нивните знаења од областа на јавните набавки – како темелна подготовка за поуспешен настап на електронските постапки за јавни набавки.

Посебно, прирачникот е наменет за микропретпријатијата, како материјал за нивна обука и како средство за зголемување на нивните знаења од областа на јавните набавки – како темелна подготовка за поуспешен настап на електронските постапки за јавни набавки.

Прирачникот се заснова врз одредбите од Законот за јавните набавки (ЗЈН), врз подзаконските акти и прирачниците изработени и објавени од Бирото за јавни набавки, како и врз практични искуства при спроведувањето на електронските постапки.

Повеќе за прирачникот можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој прирачник е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки.