25 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јануари – јуни 2015)

Конкуренцијата на тендерите останува ниска.
10.12.20157651

Клучни наоди:

  • Ниското ниво на конкуренција, со што се доведува во прашање ефективноста во трошењето на јавните пари, останува обележје на тендерите и во првата половина од 2015 година. советот за јавни набавки, основан за да ја зголеми конкуренцијата, досега не даде резултати.
  • До советот за јавни набавки во првото полугодие од годинава се доставени 10362 барања за согласност, што ги чинело институциите дури 74,3 милиони денари, односно 1,2 милиони евра.
  • Воведената контрола ги дисциплинираше институциите и ги принуди да го намалат користењето на нетранспарентната постапка со преговарање без претходно објавување оглас. Во првото полугодие од 2015 година вредноста на овие договори изнесува околу 11,5 милиони евра и е за 61,4% помала од истиот период лани.
  • Во првото полугодие од 2015 година, поништени се 18,5% од огласените тендери. Со ова е забележан благ пад на бројот на поништувања на тендерите во однос на претходните периоди.
  • Се намалува користењето на банкарските гаранции за понуда, но и на примената на гаранциите што им се бараат на фирмите за квалитетно извршување на договорите.
  • Во првото полугодие од 2015 година, на 25 фирми им се изречени негативни референци. Оттука, заклучно со јуни годинава, забрана за учество на тендери имаат 38 фирми. Најголем дел од нив немаат право да учествуваат на тендери до 2016 година.
  • Во првото полугодие од годинава фирмите доставиле најмал број жалби во изминатите неколку години. вкупно, до државната комисија за жалби по јавните набавки (дкжјн) се доставени 252 жалби, што е за дури 23,6% помалку од истиот период лани. Повеќе од половина од жалбите се доставени од фирми кои ги оспоруваат донесените одлуки за избор на најповолна понуда во тендерите.

Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

   

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.