Трет квартален извештај за јавните набавки во 2013 година

Во речиси една третина од мониторираните тендери, договорот за јавна набавка е склучен со фирмата што се јавила како единствен понудувач.
31.01.20148140

Некои од клучните наоди се:

  • Во речиси една третина од мониторираните тендери, договорот за јавна набавка е склучен со фирмата што се јавила како единствен понудувач. Во вакви услови, тендерот не завршува со електронски натпревар за намалување на цените преку т.н. е-аукција. Оттука, во овие постапки постои зголемен ризик договорот да е склучен по повисоки цени од реалните на пазарот.
  • Дел од договорните органи продолжиле да користат елементи за бодување на понудите кои не гарантираат објективен избор на најповолната понуда. Регистрирани се случаи на доделување бодови на понудувачите со кои договорниот орган и претходно имал договори за јавни набавки, како и повеќе примери на отсуство на јасна методологија за делење на бодовите за квалитет.
  • Вредноста на договорите склучени преку постапката со преговарање без објавување оглас во третото тромесечје од 2013 година изнесува 21,3 милиони евра, што е за 52% повеќе од истиот период лани. Сумарно, во првите 9 месеци од 2013 година, вредноста на овие договори изнесувала 47,7 милиони евра.
  • Во третиот квартал од 2013 година, секој четврти тендер бил неуспешен (25,7%). Најчеста причина за поништување на тендерите е поради тоа што не е поднесена ниту една прифатлива или соодветна понуда.

Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

     

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е 2,5 годишен проект финансиран од УСАИД и спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.