Барање за понуда за креирање и спроведување на онлајн кампања

18.08.202647

Центарот за граѓански комуникации, во партнерство со организации од Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово и Србија го спроведуваат проектот „Истражување на потенцијалите на јавното-приватно партнерство и концесиите за регионален развој во Западен Балкан“ финансиран од Open Society Foundations – Western Balkans. За таа цел бараме понуда за креирање дигитални и аудиовизуелни содржини и спроведување на онлајн кампања за промоција на проектните активности со следната спецификација:

  1. Креирање на концепт и спроведување на онлајн кампања и промоција на социјални медиуми;
  2. Информативно видео – 1 (едно) видео изработено врз основа на проектните продукти, активности, резултати и препораки на регионално ниво. Видеото треба да содржи нарација на англиски јазик од вокален артист и да биде адаптирано со поднаписи исто на англиски јазик. Максималната должина на видеото треба да биде до 2 минути. Видеото треба да биде комбинација од анимации, автентични снимки и сток снимки во зависност од содржината.
  3. Крати видеа – reels – 7 (седум) изработени врз основа на проектните продукти, активности, резултати и препораки на национално ниво – различно за секоја земја, со нарација на англиски јазик од вокален артист и да биде адаптирано со поднаписи исто на англиски јазик. Максималната должина на кратките видеа треба да биде до 1 минута.
  4. Инфографици – 7 (седум) инфографици изработени врз основа на проектните продукти, активности, резултати и препораки на национално ниво – различно за секоја земја на англиски јазик.
  5. Промоција на социјални медиуми – закуп на рекламен простор (Meta, YouTube, LinkedIn итн.) и финален KPI извештај.

Видеата и инфографиците треба да бидат соодветни, по содржина, изглед и формат за онлајн промовирање на социјалните медиуми.

Предвидената вкупна максимална сума за креирање и спроведување на онлајн кампања изнесува 312.000 денари со вклучен ДДВ.

Ве молиме, вашите понуди да ни ги доставите најдоцна до 24.08.2026 година (понеделник) до 16ч. Понудата треба да ги содржи следните елементи:

  • Податоци (со линкови) за досега изработени видеа и онлајн кампањи и релевантно искуство врз чија основа ќе се изврши изборот;
  • CV на тимот што ќе биде вклучен во изработката на бараните содржини во понудата;
  • Финансиската понуда за онлајн кампањата треба да содржи поединечна цена по број на продукти според спецификацијата опишана погоре а во зависност од предвидениот максимален буџет.
  • Рок на извршување на услугата по тип на производ.

Во изборот на најповолната понуда ќе бидат земени предвид сите елементи од понудата.

За евентуалните појаснувања или прашања ве молиме користете ги нашите електронски адреси: vtrajkovic@ccc.org.mk или center@ccc.org.mk.

Лице за контакт: Весна Трајковиќ 070 335 804