Имајќи предвид дека Индексот на активна транспарентност на македонските институции се изработува за првпат, не може да се изведе заклучок за напредокот или уназадувањето на вкупната активна транспарентност и на одделните институции, туку само да се констатира актуелната состојба од овој аспект.
Просечниот резултат на сите вклучени 97 институции изнесува 44,8% (од можни 100%), што според употребената градација на нивото на активна транспарентност, би значело ’просечна‘ активна транспарентност.
Соодветно на тоа, најмногу институции, 33%, има во групата со ’просечна‘ активна транспарентност, а најмалку, 4%, во најдобрата група, со ’многу добра‘ активна транспарентност.
Најголем дел од институциите се наоѓаат во трите средни групи, и тоа во онаа со ’просечна‘ активна транспарентност 33%, со ’слаба‘ активна транспарентност 30% и со ’добра‘ активна транспарентност 21%.
Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.


