Бриф за јавни политики: Подобрување на спроведувањето на јавните набавки во Македонија

Јавните набавки во Македонија со години претставуваат една од најзначајните економски активности, низ која државните институции купуваат стоки, услуги и работи во вредност што достигнува речиси една милијарда евра (2014 год.), односно 12 проценти од бруто домашниот производ на земјата.
25.12.20162365

Јавните набавки во Македонија со години претставуваат една од најзначајните економски активности, низ која државните институции купуваат стоки, услуги и работи во вредност што достигнува речиси една милијарда евра (2014 год.), односно 12 проценти од бруто домашниот производ на земјата.

Фактот што преку јавните набавки се троши дури една третина од буџетот на земјата, пак, зборува за тоа дека тие се значаен извор за водењето бизнис за приватниот сектор и како такви – мора да обезбедат слободна конкуренција меѓу сите заинтересирани бизнис субјекти.

Имајќи предвид дека преку јавните набавки се трошат јавни пари, односно пари собрани од граѓаните и од фирмите преку даноци и други јавни давачки, се наметнува потребата за нивно транспарентно, јасно, јавно и одговорно спроведување, како и за отчетност кон оние чиишто пари се трошат.

Како една од активностите во рамките на која државата и приватниот бизнис најчесто доаѓаат во контакт, притоа со речиси една милијарда евра во оптек, јавните набавки насекаде низ светот се проценуваат како една од најризичните области за корупција. Тоа бара од владите и од институциите да преземаат посебни мерки, во и надвор од правилата за јавни набавки, за превенција, спречување и борба против корупцијата и судирот на интересите во трошењето на јавните пари. Бројни меѓународни организации препорачуваат најразлични мерки во насока на спречување и сузбивање на злоупотребите во јавните набавки. Сумирано, тие се сведуваат на обезбедување ефективен систем на јавни набавки, заснован врз транспарентност, конкурентност и интегритет.

Повеќе за документот можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Оваа публикација е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки.