Препораки за договорни органи за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки

Искуството од следењето на спроведувањето на јавните набавки во Република Македонија покажува недоволно учество во јавните набавки, особено според вредноста на добиените тендери, на малите претпријатија и на микропретпријатијата.
28.09.20135214

Искуството од следењето на спроведувањето на јавните набавки во Република Македонија покажува недоволно учество во јавните набавки, особено според вредноста на добиените тендери, на малите претпријатија и на микропретпријатијата. Застапеноста на микропретпријатијата на пазарот на јавни набавки е мала и несразмерна во однос на нивниот вкупен број, значење и улога што ја имаат овие претпријатија во локалните средини, но и во вкупната економија на земјата. Овие претпријатија се соочуваат со недоволна информираност за јавните набавки, непознавање на регулативата и на начинот на спроведувањето на јавните набавки, недоволна доверба во јавните набавки, како и со низа административни и други пречки во практиката на спроведувањето на јавните набавки.

Увидувајќи го овој проблем многу порано, Европската Унија пред неколку години излезе со низа препораки до сите договорни органи на ниво на ЕУ за конкретни мерки што треба да ги преземат за да им овозможат на малите претпријатија полесен пристап до јавните набавки. Ова е уште една причина повеќе за преземање слични вакви мерки и во Република Македонија, како земја чија регулатива за јавните набавки е изработена според директивите на ЕУ.

Сево ова беше причина за преземање конкретни мерки за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки и во Македонија, делувајќи двонасочно. Од една страна, преку обуки, редовно информирање, секојдневна асистенција во подготовка на понудите и консултации – да се подобри способноста на микропретпријатијата за настап на пазарот на јавни набавки, а од друга страна, преку сугерирање препораки – да се делува кај договорните органи да ги намалат административните и другите пречки за поголемо учество на микропретпријатијата во јавните набавки.

Повеќе за препораките можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овие активности се спроведуваат во рамките на Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки чија цел е да обезбеди поголемо учество на овие претпријатија на пазарот на јавни набавки, придонесувајќи кон нивниот поодржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање на работни места, раст и иновации. Од друга страна, за договорните тоа значи можност за добивање на подобра вредност за потрошените пари.

Проектот го спроведува Центарот за граѓански комуникации во партнерство со невладините Фокус од Штип и ЕХО од Штип.