Прирачник за фирми за учество во јавните набавки

Ако Вашата фирма е заинтересирана да продава стоки, услуги или работи на јавниот сектор во РМ, неопходно е да има сознание за тоа како да се вклучи во постапките за јавни набавки, како да ја подготви понудата, кои барања и услови се неопходни да ги исполни за да го добие договорот за јавната набавка.
28.09.20136772

Ако Вашата фирма е заинтересирана да продава стоки, услуги или работи на јавниот сектор во РМ, неопходно е да има сознание за тоа како да се вклучи во постапките за јавни набавки, како да ја подготви понудата, кои барања и услови се неопходни да ги исполни за да го добие договорот за јавната набавка.

Продавањето стоки, услуги или работи на јавниот сектор во РМ на правните субјекти може да им овозможи голем пазарен потенцијал и цврста основа за клиентите. Ризици постојат, а нема гаранција за позитивен краен исход (добивање на тендерот).

За да се воспостави систем на јавни набавки, права, обврски и одговорности на сите учесници во постапките за доделување договори за јавни набавки и систем на контрола на јавните набавки при доделување на договорите за јавните набавки, договорните органи треба да го почитуваат обезбедувањето на основните принципи – начела на Законот за јавните набавки, како и да ги почитуваат прописите и правилата кои важат за спроведување на различните постапки за јавни набавки.

Прописите и начелата ги обврзуваат договорните органи да обезбедат транспарентност во работењето и отворена и чесна конкуренција. Иако од страната на економските оператори изгледа бирократски, сепак тие правила и начела за јавните набавки се пропишани за на секој економски оператор да му обезбедат пристап во јавниот сектор и подигнување на јавната свест за позитивен поглед кон процесот на набавување.

Повеќе за прирачникот можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој прирачник е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки.