Правото на пристап до информации се темели врз принципот дека претставниците на јавните институции се избрани од страна на граѓаните и се финансираат со пари од даночните обврзници, така што јавноста има право да знае како се употребува таа моќ и како се трошат нивните пари.
Во една демократија, од суштинско значење е луѓето да можат да пристапат до широк спектар на информации со цел да учествуваат на вистински и ефикасен начин во нештата кои влијаат врз нивниот живот и работа. Оттука, сите информации кои ги поседуваат или со кои располагаат државните институции во својата суштина треба да бидат јавни, бидејќи се собрани и обработени со пари на граѓаните и според тоа, еднакво како и самата власт, треба да бидат на увид на јавноста.
Јавноста има право да бара од владата и од државните функционери отчет за нивните дејства, како и за одлуките кои ги носат. За да го стори ова, потребни се информации. Улогата на медиумите тука е особено важна бидејќи новинарите ја имаат улогата на „чувари на јавниот интерес“ – нешто на што, како што постојано потврдува Европскиот суд за човекови права, имаат право.
Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.
Документот е изработен во рамките на проектот Пристапот до информации – извор за поквалитетно информирање, со финансиска поддршка од Европската Унија.



