Транспарентно локално владеење – состојба, препораки и предизвици

Иако основата на проблемите кај сите е иста, сепак, речиси и да нема две општини со сосема идентична манифестација на проблемите, но и со сосема идентични начини на решавање на проблемите.
01.03.20136832

Водејќи се од идејата дека нема демократија без добро владеење и нема добро владеење без транспарентност и одговорност, НВО Инфоцентарот, во партнерство со Центарот за граѓански комуникации од Скопје и Едукативно – хуманитарната организација ЕХО од Штип, во 2009 година, започна со спроведување на Проектот на УСАИД за транспарентно владеење. Преку воведување и заживување на механизми за потранспарентно, поодговорно и поотчетно работење на општините, преку охрабрување на граѓаните за поголемо учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво, како и преку размена на добри практики меѓу општините, проектот се фокусираше на зголемувањето на довербата и соработката меѓу граѓаните, бизнис заедницата, невладините организации и локалните власти.

Појдовна основа за преземање мерки во оваа насока претставуваше фактот што и покрај неколкугодишната децентрализација, граѓаните сè уште не се задоволни од тоа како локалните власти ги организираат животот и работата на локално ниво, но и од тоа, колку и како локалната заедница учествува во процесот на донесување одлуки и креирање на локалните политики. Како главни проблеми кои придонесуваат за ваквата состојба беа детектирани недоволната транспарентност, отчетност и одговорност на општините, како и недоволно ефикасните начини на кои општините одговараат и ги решаваат проблемите, барањата и очекувањата на граѓаните.

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој извештај е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за Транспарентно владеење.