Учеството во донесувањето одлуки во општините е едно од основните права на граѓаните бидејќи тие одлуки во значајна мера ги определуваат условите во кои се одвиваат живеењето и работењето на луѓето и фирмите на локално ниво. Без разлика на тоа што и самиот Закон за локална самоуправа предвидува широк спектар на облици на граѓанско учество, ова право на граѓаните, а од друга страна, обврска на општината, се смета за еден од начините на остварување на локалната демократија и без тоа да биде прецизно наведено во законската регулатива. Затоа и самите локални самоуправи треба да изнаоѓаат начини, форми и облици за да ги мо- тивираат и поттикнуваат граѓаните и на тој начин да го обезбедат нивното учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво.
Иако во последните неколку години има значителен напредок во оваа област, сепак, истражу вањата покажуваат дека дури 60% од граѓаните на никаков начин не учествуваат во процесот на донесување одлуки во општините во кои живеат, било тоа да се однесува на присуство на седница на советот на општината, на јавна расправа или, пак, учество во креирање на буџетот, на други стратегиски документи и поднесување иници јативи до општината.
Повеќе за препораките можете да прочитате на следниот линк
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.
Овој документ е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).


