Финансиска анализа на работењето на државните претпријатија 2015-2019 година

Предмет на финансиска анализа се 30 најголеми претпријатија основани од државата и од единиците на локалната самоуправа.
15.01.20213014

Дел од наодите од Финансиска анализа на работењето на државните претпријатија 2015-2019 година покажа дека 30 најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа, за периодот 2019 – 2015 година, остварените вкупни приходи ги зголемиле за само 2 %.

Просечната стапка на профитабилност за анализираните 5 години изнесува скромни 6 %, а за 2019 година профитабилноста покажува извесно подобрување (6,5 %). Средствата што ги поседуваат овие претпријатија со ваков профит би ги обновиле за 38 години, а вложениот и заработен капитал би го вратиле за 32 години. Во приватниот сектор времето на поврат на вложениот капитал се позиционира вообичаено на 10 години.

Истражувањето можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

   

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Засилување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, со финансиска поддршка од Европската Унија.