Истражување на износите на паушалите на општинските советници

Анализата покажува дека само 12 општини не го исплатуваат максималниот месечен надомест што им го дозволува законот, а некои општини дури исплатуваат и поголем надомест од законскиот максимум
20.01.20212853

Годишните трошоци за исплата на надоместоците на советниците на единиците на локалната самоуправа во земјава изнесуваат над 215 милиони денари, односно над 3,5 милиони евра. Ова го покажува анализата на податоците за 2019 година, добиени од општините и Градот Скопје, за висината на месечните надоместоци на советниците и бројот на одржани седници. Вкупниот број на советници во сите 80 општини и Градот Скопје достигнува 1.319.

Најголеми годишни трошоци за советниците од 214 илјади евра има Градот Скопје. Следува Куманово со околу 115 илјади евра, а на следните три позиции се Тетово, Битола и Гостивар со годишни трошоци од околу 104 илјади евра. На дното се општините Новаци и Конче со по 16 илјади евра, Зрновци со околу 14 илјади евра и Вевчани со нецели 9 илјади евра годишни трошоци за советниците.

Анализата покажува дека само 12 општини не го исплатуваат максималниот месечен надомест што им го дозволува законот, а некои општини дури исплатуваат и поголем надомест од законскиот максимум (определен во член 29-б од Законот за плати и други надоместоци на пратеници во Собранието на РМ и други избрани и именувани лица во Републиката).

Повеќе за анализата можете да прочитате на следниот линк

 

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Ова истражување и базата на податоци се подготвени од Центарот за граѓански комуникации во рамки на Проектот за граѓанско учество со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).