Постојат големи разлики помеѓу 28-те ковид-центри кои беа предмет на анализата во периодот од 1 октомври 2020 до 31 март 2021 година, како во однос на бројот на ангажираниот медицински персонал, потрошените лекови за третман на хоспитализираните пациенти, дадената кислородна поддршка, потрошените маски така и во однос на бројот на просечни денови на хоспитализација и стапката на смртност на пациенти.
Целта на истражувањето е наодите да се искористат како појдовна основа за да се извлечат препораки за промена на праксата и креирање политики и стратешки документи при евентуални идни слични кризи.
Истражувањето можете да го прочитате на македонски, албански и англиски јазик.
Проектот „Набљудување во ризични области од корупција: здравство и животна средина“ е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.




