Во рамки на проектот „Јавен надзор на јавните набавки“ ЦГК ќе изработува и објавува серија истражувања (вкупно 6 истражувања во период од 2 години). За секое од шесте истражувања ќе се објавува извештај, и секој извештај ќе содржи по 3 студии на случај (вкупно 18 студии на случај). Извештаите ќе се објавуваат квартално во периодот март 2026-јули 2027 година и од страна на ЦГК ќе бидат доставувани до медиумите и надлежните институции, а ќе бидат објавувани и на веб-страните на ЦГК и на налозите на социјалните медиуми.
За подобро претставување на наодите во јавноста бараме понуда за креирање квалитетни, разбирливи и визуелно привлечни дигитални содржини кои ќе ги претстават наодите од истражувањата, ќе допрат до различни целни публики и ќе поттикнат информирана јавна дебата.
Опфат на услугите:
- Креирање концепт и визуелен пристап за промоција на истражувачките наоди
- Продукција на содржини за социјални медиуми, вклучително кратки видеа, reels-ови, инфографици за секоја студија на случај.
- Прилагодување на содржините за различни платформи (Facebook, Instagram, YouTube)
- Промоција на креираните продукти во 6 циклуси паралено со објавувањето на истражувањата на ЦГК
- Тесна соработка со тимот на организацијата (содржинска насока, факти, пораки)
Очекувани продукти:
- Минимум 50 комуникациски производи во период од 18 месеци поделени во 6 циклуси на комуникациски кампањи, со следен состав:
-
- 6 видеа (по 60 секунди) – секое видео треба да опфати по три студии на случај.
- 18 reels-ови – по еден за секоја студија на случај
- 18 инфографици – по еден за секоја студија на случај
- 8 финални медиумски продукти (видеа, reels-ови или инфографици)
- Промоција на продуктите на социјалните мрежи
-
- Очекуван кумулативен досег:
- најмалку 1.200.000 граѓани (600.000 годишно)
Временска рамка:
Ангажманот ќе се реализира во период од февруари 2026 – септември 2027 со континуирана продукција на содржини според динамика договорена со нарачателот.
Критериуми за избор:
Понудите ќе се оценуваат врз основа на:
- Релевантно претходно искуство во:
- продукција на видеа и дигитални кампањи
- работа со граѓански организации, медиуми или истражувачки теми
- Квалитет на портфолио / примероци од претходна работа
- Разбирање на задачата и предложен пристап
- Финансиска понуда (вредност за пари)
- Рок за реализација по тип на производи
Содржина на понудата:
Понудата треба да содржи:
- Краток опис на понудувачот
- Релевантно искуство и портфолио (линкови)
- Предлог-пристап за извршување на задачата
- Финансиска понуда:
- вкупна цена
- и цена по тип на производ (видео, инфографик, reel, медиумски производ)
- Рок на реализација по тип на производи
Начин и рок за доставување
Понудите да се достават најдоцна до 17 февруари 2026 година до 16ч, на електронска адреса: vtrajkovic@ccc.org.mk
За дополнителни информации, може да се контактира: Весна Трајковиќ на телефонскиот број 070 335 804.

