ПочетнаКатегорија

Билтен

МАК дванаесетти број

Две моќни институции, Светската банка и Обединетите нации го искористија Меѓународниот антикорупциски ден, 9 декември, да испратат многу моќни пораки за засилување на глобалната борба против корупцијата.

МАК единаесетти број

Во овој број, нашата постојана соработничка и една од најистакнатите антикорупциски експерти во земјава, Вања Михајлова, прави споредба на оценките на Европската комисија по овие прашања за останатите земји од Западниот Балкан.

МАК десетти број

Корупцијата е навлезена и во спортот. И тоа во оној врвниот. Светската фудбалска федерација мораше да суспендира двајца членови од своето раководство откако се обелодени дека ги продале своите гласови за местото на одржување на следното светско првенство во фудбал.

МАК осми број

Стотина поранешни градоначалници, општински советници, бизнисмени и адвокати се соочуваат со вкупна казна затвор од 500 години и парична казна од една милијарда евра ако се докаже дека се виновни за обвинувањата за корупција при издавањето дозволи за градба и при продавањето државно земјиште во Марбелја, Шпанија.

МАК седми број

Корупцијата цвета во земјите од Западен Балкан. Неколку последни извештаи од релевантни институции наведуваат дека борбата против корупцијата во земјите од Балканот е само декларативна.

МАК шести број

Во овој број со гордост ви претставуваме ексклузивно интервју со професорката на Универзитетот Јеил и еден од водечките светски истражувачи на корупцијата, д-р Сјузан Роуз-Ејкерман.

МАК петти број

Во овој број пренесуваме два слични примери за казнување на корупцијата во две земји на различни краишта од светот и со различни уредувања и убедувања. САД и Кина казнија видни граѓани поради вмешаност во корупција.

МАК четврти број

Имајќи ги предвид неколкуте срамежливи најави дека се подготвуваат измени на Законот за спречување на корупцијата, во овој број нудиме мислења на релевантни чинители од оваа област за можните насоки кон кои треба да се движат измените на законот.

МАК трет број

Како тема на овој број, ви го претставуваме судирот на интереси, кој според својата природа не е корупција, но може да прерасне во неа доколку соодветно не се препознае, не се спречи и не се менаџира. Анализата нуди конкретни решенија и примери за справување со судирот на интереси.

МАК прв број

Во фокусот на овој број се и јавните набавки. Годишното истражување на процесот на јавни набавки кај нас покажува дека сè уште постои сериозен простор за злоупотреба и неефикасно трошење на јавните пари.

Зошто билтен?

Веќе пет години секојдневно работиме на намалување на просторот за корупција во Македонија и на промовирање на принципите на „доброто владеење“, на централно и на локално ниво.