Заедно за Партнерство за отворена власт: Поддршка на процесот на спроведување и дизајнирање на иднината (2026-2026)

01/11/202521

Проектот го поддржува спроведувањето на постојниот Националниот акциски план за Партнерството за отворена власт 2024-2026 и го зајакнува процесот на ко-креирање на  претстојниот Национален акциски план за ПОВ 2027-2029 година.

Поконкретно, се обезбедува (1) експертска и процесна поддршка за подготовка на подзаконски акти поврзани со финансиското известување на политичките партии, предвидени во заложбата 4.1. „Дигитализација на процесите за финансиска транспарентност и отчетност“ од тековниот Национален акциски план на ПОВ 2024–2026 година и (2) поддршка на процесот на ко-креирање со повеќе засегнати страни преку инклузивен и структуриран процес за подготовка на Националниот акциски план за ПОВ 2027 – 2029, со активно учество на граѓанските организации и другите чинители.

Се очекува до крајот на проектот да бидат ко-креирани подзаконски акти за транспарентно финансиско известување на политичките партии и ко-креиран Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2027 – 2029 година.

Проектот е финансиран од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт и се спроведува во партнерство со Фондацијата Метаморфозис, а е дел од нововостановениот Фонд за граѓанското општество Хелен Дарбишир 2025-2027.