Документ за јавни политики: Јавни набавки и користење конкурентни процедури во услови на криза

Овој документ за јавни политики има за цел да ги сумира искуствата и да предложи можни решенија за подобрување на регулативата и на практиките на јавните набавки за време на кризни ситуации.
16.09.20222417

Појавата на пандемијата со КОВИД-19 создаде потреба од брзо приспособување кон новонастанатата состојба, особено кај набавките што треба да се спроведат итно бидејќи директно беа загрозени безбедноста, животот и здравјето на луѓето.

Иако регулативата за јавни набавки во Република Северна Македонија е во голема мера усогласена со Директивите за јавни набавки на ЕУ, се појавија бројни прашања како најдобро да се надминат последиците од оваа пандемија која целосно ги наруши пазарите и синџирите на снабдување. Тоа резултираше со предизвици, не само при спроведување на постапките за јавни набавки, туку и при управување со веќе склучените договори за јавни набавки.

Од тие причини, овој документ за јавни политики има за цел да ги сумира искуствата и да предложи можни решенија за подобрување на регулативата и на практиките на јавните набавки за време на кризни ситуации. Од една страна, системот треба да биде доволно приспособлив кон непредвидливите околности што се јавуваат во кризни состојби, а од друга, треба да овозможи максимално ниво на законитост, транспарентност и отчетност, со што ќе се намалат можностите за злоупотреби.

Истражувањето можете да го прочитате на македонски и англиски јазик.