Документ за јавни политики: (Не)функционирањето на системот за спречување на корупцијата во јавните набавки во Македонија

Низ годините стана повеќе од индикативна свесната намера за отсуство на контрола за време на спроведувањето на постапките за јавни набавки. Има безброј примери на злоупотреби на Законот за јавните набавки, од помали до најголеми. Од друга страна, има сосем малку примери за соодветно санкционирање на прекршителите.
05.02.20194668

Тендерите, како што популарно се нарекуваат јавните набавки, се област која е една од најподложните, ако не и најподложна на корупција. Според светските проценки, на корупцијата вообичаено отпаѓаат меѓу 10% и 30% од вредноста на набавките. Простата математика вели дека ако годишно во Македонија за јавни набавки се трошат и до една милијарда евра, тогаш секоја година корупцијата „јаде“ меѓу 100 и 300 милиони евра, пари на македонските граѓани. Токму поради ова, како во многу други земји така и во Македонија, мноштво институции во системот имаат, барем онака како што е поставено и правно регулирано, одредена улога во борбата против корупцијата во јавните набавки. Но, како и во многу други области така и овде, тој систем генерално не функционира.

Еден од клучните генератори на слабата борба против корупцијата и, воопшто, на злоупотребите од секаков вид во јавните набавки е немањето каква и да е контрола врз спроведувањето на набавките. Не се контролира кој, зошто и колку нешто сака и планира да набави, како го набавува тоа и на крајот – дали набавеното е вредно за потрошените пари и за целосно и целисходно задоволување на потребите.

Низ годините стана повеќе од индикативна свесната намера за отсуство на контрола за време на спроведувањето на постапките за јавни набавки. Има безброј примери на злоупотреби на Законот за јавните набавки, од помали до најголеми. Од друга страна, има сосем малку примери за соодветно санкционирање на прекршителите.

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Оваа публикација е изработена со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот „Балкан Тендер Воч“.