Документ за јавни политики: Планирањето на јавните набавки во Македонија – Помеѓу потребите и реалноста

Честата промена на плановите треба да биде еден од индикаторите за управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки, предвидена со новиот Закон за јавни набавки.
06.02.20194182

Вредноста на јавните набавки во земјава на годишно ниво се движи меѓу 600 милиони и речиси една милијарда евра, со што учеството на набавките во бруто домашниот производ на земјата изнесува меѓу 6% и 10%.

Имајќи предвид дека јавните институции управуваат трошат и управуваат со средства во чиешто создавање не учествувале директно (приходите се остваруваат преку прибирање даноци и придонеси од граѓаните и фирмите), ниту, пак, трпат економски последици од нерационалното трошење на тие средства (јавните средства не се лична сопственост на лицата кои управуваат со нив и оттука, нивната загуба не претставува лична штета), се наметнува потребата од постојано унапредување на механизмите кои треба да обезбедат користење на средствата за јавни набавки на транспарентен, законски и корисен начин.

Како особено значајна за успешна реализација на постапките за јавни набавки и за склучување на договорите, се смета фазата на планирање на набавките, како една од трите главни фази – покрај спроведувањето на тендерите и реализацијата на договорите.

Притоа, успешното планирање на јавните набавки синтетизира низа значајни аспекти, како што се адекватно утврдување на потребните набавки, односно на стоките, услугите и работите што треба да се набават, потоа прецизно утврдување на проценетата вредност на набавките и на крајот, правилно поставување на временската рамка на набавките.

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Оваа публикација е изработена со финансиска поддршка од Европската Унија.