Индекс на активна транспарентност 2022 година

Под ’активна транспарентност‘ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.
18.08.20221952

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 % (од максимално можни 100 %).

Во однос на лани, активната транспарентност е подобрена за 10 процентни поени (од 63 % на 73 %).

Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81 % од институциите.

Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 85 %, а на општините 70 %. За разлика од лани, министерствата се подобриле за 6 процентни поени, а општините за 10.

Две институции, Министерството за одбрана и Владата, имаат по максимални 100 %, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност.

Три општини се наоѓаат на третата позиција, со високи 97 % исполнетост на обврските за објавување информации според активната транспарентност: Битола, Валандово и Карпош.

Меѓу регионите, на првото место изби Југоисточниот Регион (со 84 % активна транспарентност), додека на последно место останува Скопскиот Регион (со 56 % активна транспарентност).

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Годишната програма на Центарот за граѓански комуникации е поддржана од програмата Цивика Мобилитас.